недела, 29 ноември 2026
Најново

ИД го минира Мосул за да ги запре бегствата на цивилите пред доаѓањето на ирачките сили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Џихадистите од групата Исламска држава поставуваат бомби пред праговите од куќите во Мосул за да ги спречат цивилите да бегаат од овој северен ирачки град, изјавија командант на силите на ирачката федерална полиција и очевидци, цитирани од британските медиуми.Светските агенции забележуваат дека оваа информација доаѓа во момент кога ирачките владини сили ја спроведуваат завршната фаза од операцијата против џихадистите во Мосул, по седум месеци улични борби.
Генерал-потполковник Абдул Гани Асади за ирачката државна телевизија изјави дека елитните сили на Службата за борба со тероризмот непречено напредуваат кон квартовите „Рифаје“ и „Наџар“ со цел да стигнат до брегот на реката Тигар и да го затворат обрачот околу Стариот град.
– Со Божја волја во следните неколку часа ќе ја реализираме нашата задача, прогнозира генералот.
Според него, во текот на последните два дена џихадистите употребиле 30 самоубијци со автомобили-бомби против единиците што тој ги командува во Мосул.
Во квартот „Сиха“, изјави Асади, силите на Исламска држава им ги оковувале рацете на цивилите, врзувајќи ги во синџири, и потоа ги употребувале како жив штит за да можат да се движат и бегаат.
– Ги видовме како се движат со своите оружја, опколени од цивили, но не ги нападнавме, изјави тој.
Цивилите потоа биле одврзувани и пуштани, но само откако џихадистите ќе стигнеле до место каде можеле да си обезбедат покритие.
Жителите на Мосул стравуваат да не дојде до активирање на експлозиви доколку ги отворат вратите од своите домови, и затоа бегаат од домовите преку дупки во внатрешните ѕидови, направени од самата Исламска држава, за да можат нејзините борци да се движат низ градот, без да станат цел за воздушните напади.
По новите жестоки борби во градот, во текот на овој месец е зголемен  бројот на луѓето кои бегаат од Мосул .Светските агенции забележуваат дека оваа информација доаѓа во момент кога ирачките владини сили ја спроведуваат завршната фаза од операцијата проти

Поврзани вести