ИД и се закани на Шпанија: Ќе ви се осветиме за масакрот што сега го спроведувате против ИД

Исламската држава објави видео на шпански јазик во кое и се заканува со „освета“ на Шпанија поради терористот кој шпанската полиција го уби за време на минатонеделните напади во Барселона и Камбрилс, пишува шпанскиот весник „Паис“.На видеото се прикажани двајца војници на ИД кои зборуваат на шпански со арапски акцент. Тие порачаа: По волјата на Алах, Андалузија повторно ќе стане она што беше, дел од калифатот.
– Шпански христијани не ја заборавајте муслиманската крв што беше пролиена за време на шпанската инквизиција. Ќе ви се осветиме за масакрот што сега го спроведувате против ИД, наведе во видеото борец на ИД, кој се претстави како Абу Лаис Ал Кардуби или Абу Лаис од Кордоба.
– Ние никогаш вас нема да ве оставиме на мир, додаде другиот борец на ИД, кој се претстави како Абусалман Андалузиец.
Според полициските наводи, Абу Лаис е всушност 22-годишниот Мухамад Јасин Перес од Кордоба, а негов татко е Абделах Ахрам, кој е во моментов во затвор поради активна улига во радикалниот џихад.
Другиот маж не е идентификуван, бидејќи на видеото лицето му е покриено и му се гледаат само очите.
Видеото беше објавено синоќа, шест денови по нападот за што ИД презеде одговорност. Во нападот загинаа 15 лица, а повеќе од 200 се повредени.
На видеото се прикажани и фотографии од нападот во Барселона, шпанскиот премиер Мариано Рахој, шпанскиот крал Фелипе Шести, потоа Јунес Абујакуб, мажот кој управуваше со возилото што минатиот четвроток влета во пешаци на шеталиштето Ла Рамбил, при што загинаа 15 лица.На видеото се прикажани двајца војници на ИД кои зборуваат на шпански со арапски акцент. Тие порачаа: По волјата на Алах, Анд

Пронајдете не на следниве мрежи: