ИД ослободи 25 киднапирани курдски деца

Сунитската џихадистичка група Исламска држава вчера ослободи 25 курдски ученици, кои беа грабнати уште во мај во северна Сирија, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на активисти.Пред пет месеци, ИД киднапираше вкупно 153 деца. Вчера ги ослободи последните заложници од оваа голема група, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Децата, од кои поголемиот дел се на возраст меѓу 13 и 15 години, беа грабанти на враќање кон нивниот роден град Кобане, откако ги положиле испитите во Алепо.
Пет од нив успеаја да избегаат, а џихадистите на крајот постепено ги ослободија и преостанатите деца од групата.
ИД ги ослободи децата во екот на жестоките борби за Кобане, кои продолжува да ги води со курдските сили, кои имаат поддршка од воздух од меѓународната коалиција предводена од САД.Пред пет месеци, ИД киднапираше вкупно 153 деца. Вчера ги ослободи последните заложници од оваа голема група, соопшти Сирискиот центар за мониторин

Пронајдете не на следниве мрежи: