Извршителот на нападот во Њујорк во кој во вторникот загинаа осум луѓе е „војник“ на ИД. Тоа го наведе вчера џихадистичката група цитирана од американски центар специјализиран за следење џихадистички движења на интернет (SITE).– Еден од припадниците на ИД нападна на улица во Њујорк, се вели во текст поставен од групата Ан Наба.
– По волја на Алах операцијата внесе страв во Америка на улиците и ги натера да ги засилат мерките за безбедност и механизмите за ограничување на мигранти во Америка, стои во текстот на Ан Наба.
Нападот го изврши 29-годишниот Узбекистанец Сајфуло Саипов, кој исто така рече дека е член на ИД и оти е „горд“ заради акцијата.– Еден од припадниците на ИД нападна на улица во Њујорк, се вели во текст поставен од групата Ан Наба.