ИД со нови закани кон осум земји

Терористичката група Исламска држава упати нови закани кон Белгија, САД, Русија, Франција, Велика Британија, Канада, Австралија и Италија, јавија белгиските медиуми.Се забележува дека заканите се објавени на „вообичаените канали“ на ИД и поради тоа нивната веродостојност не се става под сомнение.
Во најавите, терористите ги повикуваат своите „браќа“ муслимани да избегнуваат јавни места како пазари, улици и паркинзи, бидејќи „борците на калифатот таму ќе се разнесат, ќе ги прегазат луѓето и ќе им ги отсечат грлата“.
Белгиските служби за безбедност извршуваат проверка.
Јавните места во Брисел од крајот на 2015 година се ставени под полициски надзор.
 Се забележува дека заканите се објавени на „вообичаените канали“ на ИД и поради тоа нивната веродостојност не се става под сомнение.

Пронајдете не на следниве мрежи: