Идеи за здрава вечера

Многу луѓе ја избегнуваат вечерата мислејќи дека тоа што ќе го изедат ќе се залепи на критичните делови од нивното тело. Но тоа не мора да биде така ако подготвите некоја лесна храна и јадете во помали количини.
Погледнете неколку предлози на здрави намирници  со кои можете да го завршите вашиот ден.
Салата
Направете си себеси салата која може да содржи спанаќ, рукола или марула. Додајте домат, краставица, пиперка, лук или некој друг зеленчук по ваша желба. Можете да додадете и малку сирење или јаткасти плодови. За дресинг користете маслиново масло или лимонов сок.
Јајца
Факт е дека нашиот организам претпладне подобро ги поднесува јаглехидратите, а протеините после пладне и навечер. Белките од јајцата се чисти протеини. Подгответе си варени јајца или кајгана со овошје, но внимавајте на бројот на јајца што ги внесувате дневно.
Јогурт со овошје
Ова не се однесува на овошен јогурт од продавница, туку да одберете природен јогурт со помалку масленост и додадете некој вид на овошје од типот на јагода, малина, боровница или грозје.
Бело месо или риба
Јадете ги во комбинација со свеж или зготвен зеленчук. Избегнувајте калорични додатоци и преливи.
Тестенини
Она што додава најмногу калории на тестенините се тешките сирења и павлаката кои се користат како преливи. За вашиот оброк со тестенини биде здрав, користете интегрални тестенини во кои ќе додадете туна, зеленчук или малку маслинки. Користете само масиново масло.Многу луѓе ја избегнуваат вечерата мислејќи дека тоа што ќе го изедат ќе се залепи на критичните делови од нивното тел

Пронајдете не на следниве мрежи: