Кредибилитетот на Катица Јанева го допре дното. Политичките прогони, незаконското постапување и селективноста, целосно го урнисаа интегритетот и кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и сега отпочнува нова операција за спас на угледот на оваа времена институција.Според информациите до кои дојдовме, планот кој што го смислила Катица Јанева за покривање на сопственото непрофесионално однесување опфаќа две насоки.
Првата насока е префрлање на одговорноста за досегашните промашувања на СЈО врз останатите институции. Заради тоа, се пласираат апсурдни предлози за специјален суд или оддел во МВР, кои се надвор од договорот од Пржино. Според тоа што го дознаваме станува збор за лична амбиција на Катица Јанева со цел да ги оправда пропустите и лошата репутација на СЈО.
Информациите кои беа објавени на дел од проопозициските медиуми дека наводно помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд барала специјално оделение во Судот и во МВР кое ќе се занимава со случаите кои се предмет на интерес на СЈО се невистинити, велат нашите извори.
Впрочем, дознаваме дека тоа биле желби и предлози на Катица Јанева која на тој начин сакала да ја комплетира својата работа која според сите параметри се оценува како целосно фијаско, политички претенциозна и политички мотивирана.
Соочена со бројните скандалозни постапки и афери кои се провлекуваат низ нејзината работа и со очигледниот неуспех наспроти кренатите очекувања, овие нејзини предлози се сламката на спасот со цел да избегне целосно фијаско на функционирањето и досегашното работење на СЈО.
Втората насока и обид да се поврати кредибилитетот на СЈО е наводното покренување на некакви процеси против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Преку овие случаи Катица Јанева ќе се обиде да прикаже некаква неутралност и неселективност, а всушност истите се однапред договорени и треба да завршат со ослободување од прогон на Зоран Заев.
Од новиот театар кој го смислила Катица Јанева, СЈО и Заев би требало двојно да профитираат. Од една страна СЈО ќе ја враќа довербата како независна институција, а од друга страна Заев би требало да изгледа како жртва која на крај се изборила за правда и се докажало дека е невин.Според информациите до кои дојдовме, планот кој што го смислила Катица Јанева за покривање на сопственото непрофесионално однесување опфаќа две нас