Деветнаесет годишниот Кермиш Адел е идентификуван како еден од двајцата напаѓачи на црквата во Сант Етиен ди Рувр, во близина на Руан, при што беше убиен свештеникот Жак Хамел.– Идентификацијата на вториот напаѓач, исто така, застрелан од страна на специјалните полициски сили, се уште е во тек, соопшти јавниот обвинител Франсоа Молан, јавува дописникот на МИА од Париз..
Роден на 25-ти март 1997 година во Монт Сант Ењан во Нормандија, Адел Кермиш нема пресуди во неговото криминално досие, но и бил познат на полицијата поради два обида да замине во Сирија.
На 23 март 2015 година, член на неговото семејството го пријавил исчезнување на младиот човек. Тој беше уапсен истиот ден од страна на германските власти, кога се обидел да отпатува во Сирија со помош на документи на неговиот брат.
Подоцна, на 11 мај 2015 година, Адел Кермиш повторно заминува, но е упасен во Турција со лична карта на својот братучед од Женева.
Вториот напаѓач, кој се уште не е официјално идентификуван, е малолетник, роден во Алжир и е помлад брат на едно лице кое е предмет на меѓународна потерница и кој заминал во Сирија со документи за лична идентификација на Адел Кермиш.
Вчерашното убиство на 86-годишниот свештеник предизвика бран на солидарност и згрозеност од овој вандалски чин. Во Елисејската палата денеска ќе се одржи состанок на Советот за безбедност и одбрана, а потоа францускиот претседател Франсоа Оланд ќе ги прими претставниците на сите религиски заедници во Франција.
Овој напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, е јасен показател дека исламистичките терористи сакаат да предизвикаат религиозна војна, напаѓајќи католичка црква и убивајќи на варварски начин нејзини свешетеник.– Идентификацијата на вториот напаѓач, исто така, застрелан од страна