Туристи кои биле сместени во еден хотел во Турција бесни го напуштиле сместувањето откако вработените исценирале терористички напад.Во неименувано летувалиште во Турција дошло до инцидент кога вработените во еден хотел, вооружени со пластично оружје и канти, влетале меѓу гостите во хотелот кои уживале покрај базенот.
„Лежев и одмарав на сонцето кога одеднаш почнаа сите да врескаат. Видов терористи со канти за бензин, премрзнав од страв“, вели за Дејли Меил еден од туристите кој престојувал во хотелот.
На друг турисист срцето само што не му застанало кога „терористот“ го полеал со течноста која се наоѓала во кантата и извлекол запалка заканувајќи се дека ќе го запали. Луѓето врескале и бегале.
„Дрвен сплав со кој се пренесуваат коли низ вода!
И додека се уште не сте се соземале од патот по кој сте се возеле и сте со заматен ум од прашината, следи нешто што не може лесно да се опише. Има еден дел од 20м низ вода кој треба да се помине со „сплав“. Сплавот е дрвен, каков што Том Хенкс го направи во филмот „Отфрлен“ за да се спаси од пуст остров. Се движи со помош на сајли, а застанува со слободен удар. Не дај боже да се откачи сајлата, за која мислите дека човек рачно ја врти во импровизираните куќарки, отидоа колите на Крф. За да не плачам, се смеев. …. Прочитајте повеќе на следниот линк
Кога вработените забележале дека ѓаволот ја однел шалата почнале да им објаснуваат на туристите дека се работи за „забавна програма“ на хотелот, што уште повеќе ги разбеснило туристите.
„Како можеа да го сторат тоа? После се што се случи во Тунис, каде загинаа десетина наши сонародници! Дали се нормални“, огорчено прашал еден Британец.
Да потсетиме, 38 туристи загинаа во терористички напад кој во јуни се случи во познатото туристичко одморалиште Сус. Властите во таа земја, под сомнение дека се поврзани со нападот, уапсиле 10 лица, а во земјата и понатаму е на сила вонредна состојба.Во неименувано летувалиште во Турција дошло до инцидент кога вработените во еден хотел, вооружени со пластично оружје и канти, влетале меѓу гостите



