Иднината на трчањето пристигна!

Скопје (28.03.2016) Оваа година целото внимание ќе биде насочено кон спортот и Летните Олимписки Игри во Рио. Додека илјадници светски атлети се подготвуваат за најголемиот овогодишен спектакл, научните истражувања за спортска опрема се сѐ повеќе насочени кон иновациите и можноста на спортистите да постигнат што подобри резултати, а без притоа да се загрози нивното здравје. Во таа насока, инженерите на Nike дизајнираа патики кои го акцентираaт природното движење и чувството на флуидност и кои се создадени да ги задоволат потребите на тркачите на долги патеки. 
Под мотото „Трчај како никогаш до сега!“ Nike ја претстави иднината на трчањето преку моделот Lunar Epic Flyknit – светлосни години пред своето време!
Nike Lunar Epic Flyknit се патики за трчање за сите оние кои сакаат да го извадат максимумот од себе и да бидат предводници во иновацијата што денешната технологија може да ја овозможи.
Патиките Lunar Epic се комбинација од најдобрите иновации на компанијата и уште при првиот контакт даваат целосно поинакво чувство и сосема ново искуство со својата мала тежина (196 грама) и супериорноста во мекоста и апсорпцијата на ударите во подлогата. Познатите спортисти кои веќе го испробаа новото „чудо“ веруваат дека патиките можат да го променат трчањето и спортот воопшто. Симбиотичкиот горен дел дозволува стопалото, зглобот и ногата да работат како едно. Зголемената еластичност на зглобната обвивка овозможува лесно влегување на стопалото и досега невидено пријатно чувство на зглобот. Токму овој новитет, кој се забележува на надворешноста на самата патика, ги воодушеви спортистите.

„Додека трчам буквално како да не ја чувствувам земјата и како да ѝ пркосам на гравитацијата“, изјави Кирани Џејмс, Олимписки шампион на 400 метри.
Nike Lunar Epic Flyknit се дизајнирани со максимална прецизност, со ласерски обликувани жлебови на ѓонот кои овозможуваат ненадмината амортизација при доскок и “лепење” на сите подлоги. Ултра лесни, со ласерски обликувани материјали и контури и со применети технологии кои предизвикаа револуција во изработката на патики, овозможуваат трчање без напор, од првиот до последниот километар.
Најновото достигнување во трчањето и спортот воопшто, Nike Lunar Epic Flyknit, се достапни во Nike Shop, 2 кат во Скопје Сити Мол.
  
Под мотото „Трчај како никогаш до сега!“ Nike ја претстави иднината на трчањето преку моделот Lunar Epic Flyknit &n

Пронајдете не на следниве мрежи: