Едукација, охрабрување, мотивација и советување како да станат врвни готвачи и како да просперираат во полето на гастрономијата. Ова им беше овозможено на идните готвачи од СУГС Лазар Танев при еднодневната посета на Дистрикт барот и ресторан во Скопје Мериот хотел.Седумнаесетте ученици, идни готвачи беа гости на хотелот при што се сретнаа со главниот готвач Питер Татар. Еднодневната посета во врска со хотелско-ресторанското работење беше надополнета со двочасовна презентација од шефот на кујна Питер Татар за тајните на успешното кулинарство и подготовка на највкусните специјалитети. Во склоп на посетата главниот готвач на Скопје Мериот хотел на учениците им постави предизвик – подготовка на специјалитет чија главна состојка е јаболкото.
„Покрај едукацијата и знаењето што го стекнуваат во едукативните центри, сосема поинаков ефект има кога ќе видат како вистински функционира еден ресторан со светско реноме, стандарди и традиција. Поставувањето предизвик за нив, значи соочување со сопствените квалитети и вештини во кулинарството, каде покажаа навистина голема креативност и пред сè ентузијазам за исполнување на предизвикот што посебно се цени во кулинарството и сведочи за тоа дека со страст и љубов му пристапуваат на готвењето“, изјави Питер Татар за посетата на учениците.
Двајца ученици со избрани најдобри рецепти од предизвикот што го постави Питер Татар, ги презентираа своите ремек дела со главна состојка – јаболко пред менаџментот на Скопје Мериот. Како награда за својот труд, тие ќе поминат еден ден полн со практично знаење и гастрономски совети во кујната на Дистрикт барот и ресторан, заедно со главниот готвач, Питер Татар.
Додека пак, победничкиот рецепт на Даниела Лазаревска, за нејзиниот успешно подготвен и презентиран специјалитет ќе биде понуден како десерт во менито на Дистрикт барот и ресторан.
Посетата на Скопје Мериот хотел е дел од проектот Coolinari 2.0 на Здружението за социјални иновации „АРНО“. Со учество во овој проект Скопје Мериот хотел ги поддржува младите во стекнувањето на стручно образование, ги поттикнува и мотивира да станат што поуспешни во својата професија.
Седумнаесетте ученици, идни готвачи беа гости на хотелот при што се сретнаа со главниот готвач Питер Татар. Еднодневната посета во в