IFFHS: Фергусон најдобар во изминатите 16 години

Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS), го прогласи менаџерот на Манчестер Јунајтед. Алекс Фергусон, за најдобар светски тренер во периодот 1996-2012 година.Фергусон со својата екипа, меѓудругото, освои две титули во најпрестижното клупско натпреварување во фудбалот-Лигата на шампиони.Зад Фергусон според IFFHS се наоѓаат Арсен Венгер менаџерот на Арсенал и актуелниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Муруњо. Зад најдобрите тројца следуваат двајца Италијанци – Фабио Капело и Марчело Липи.Според Институтот, место во најдобрите светски тренери во изминатите 16 години има уште за Винсенте Дел Боске, Гус Хидинк, Отмар Хицфилд, Марсело Биелса и Луис Фелипе Сколари.
МакфаксИнститутот за фудбалска историја и статистика (IFFHS), го прогласи менаџерот на Манчестер Јунајтед. Алекс Фергус

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.