По една од терапиите во Бардовци поради зависноста од алкохол, во 1993 година Игор Џамбазов заминува во странство. Неговиот дедо Петре Прличко му дава број од Миле од Извор, таксит во Виена, преку кој се запознава со Македонците таму. Го однел на излез од Виена во спортски комплекс, каде имало 3 000 Македонци.-Меѓу нив беше и Трифун Костовски, дојде со сопругата, со малолетна ќерка и малечко синче кој во тој период тука не го знаеа. Го знаеа само по спонзорството на првиот пренос на македонската фудбалска репрезентација во Словенија. Веднаш мие препозна, му кажав што ми се случува.
Ми даде визит карта, Кометал ГМБХ Трејд се викаше фирмата, сместена на улицата каде што растел Моцарт. Мојата тогашна сопруга Искра знаеше многу јазици и почна да работи како секретарка на Трифун Костовски, неговата секретарка беше бремена. Кога дојдовме до проблемот што јас ќе работам ми предложи да бидам факс мајстор. Ни даваше плата по 2-3000 тогашни марки, имавме станче. Еден ден ми даде пари да му ја купам најубавата гитара, бела гитара на која јас прв засвирев на неговиот именден. Тогаш сфатив дека пее одлично. По неколку месеци, едно утро ме повика, беше релаксиран, завршија добар бизнис за фирмата. Ме праша што барам овде?
Ми рече дека припаѓам долу, дека таму сите ме сакат и морам да се вратам. Ми текна на една монодрама, идеја што ја имавме со Коле Ангелвски, Детски Работи. Ми даде две карти авионски, ми даде пари за претставата, се вратив, ја направивме и за истата земав награда Васил Шишков – раскажува Игор во емисијата Еден на Еден на Тв Алфа.
Извор:republika.mk-Меѓу нив беше и Трифун Костовски, дојде со сопругата, со малолетна ќерка и малечко синче кој во тој период тука не го