Нашиот најдобар тркач во класата SBKS 600 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам – Игор Спиров – Зизи се подготвува за следната сезона. Наместо вообичаените подготовки за настап во домашниот шампионат, Спиров се подготвува и за настап во Српскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
Причината е едноставна – во Македонија не се организираат трки во брзински мотоциклизам заради немање на соодветна патека, па нашите натпреварувачи кои настапуваат на Источно Европскиот шампионат трошат големи финансиски средства за подготовки надвор од земјава за потоа да покажат солидни резултати.
Зизи минатата година беше четврти во генералниот пласман, но немањето константни тренинзи, кои би биле изразени преку трки во домашното првенство, оваа сезона го симнаа две места подолу. Во годинешното рангирање удел имаше и зголемената конкуренција. Минатата сезона во класата SBKS 600 се натпреваруваа 38 возачи, а оваа сезона 55. Гледано од тој аспект тој остварил послаб успех во генералниот пласман, но бил подобар во однос на зголемената конкуренција. Сето ова е постигнато со возење на трки само во Источно Европскиот шампионат, а кога би возел и дополнителни трки како подготовки сигурни сме дека ќе покаже подобри резултати.
Најдобар успех за Спиров на Источно Европскиот шампионат – е освоеното 4 место во генералниот пласман минатата година.Наместо вообичаените подготовки за настап во домашниот шампионат, Спиров се подготвува и за настап во Српскиот шампионат во брзински мотоциклизам.