Игра на тронови во реалниот свет: Кој е Путин, а кој Кејт Мидлтон?

Екс премиерката на Австралија, Гилард е една од бројните фанови на серијата „Игра на тронови“, која минатата недела ја промовираше својата четврта сезона. Анализирајќи ја првата епизода од најновата сезона, Гилард се споредила себеси со својот омилен лик – Денерис Таргаријен.Британскиот Guardian беше инспириран од нејзината изјава и одлучи и останатите ликови од серијата да ги спореди со политичките фигури од реалниот живот, според изгледот и особините. Ова е нивниот избор:
Владимир Путин и Тајвин Ланистер

Лорд Тајвин, главата на Куќата Ланистер е најбогатиот човек во Седумте Кралства и бестрашно ја наметнува доминацијата на своето семејство низ цел Вестерос. Исто како Путин, тој нема проблем да ги пречекорува меѓународно признаените граници за да избие на врвот.
Кејт Мидлтон и Марџори Тајлер

Марџори е една од ќерките на лордот Мејс Тајрел, а желба и е да стане кралица на Вестерос. Политички е многу мудра, а воедно и убава, поради што е тешко да и се одолее.

 
Вилијам Хејг и лорд Варис

 
Лорд Варис има сериозна мрежа на шпиони низ земјата. А Хејг не само што физички потсетува на Варис, туку и во минатото успеал да покаже такви слични политички вештини.
Ким Џонг Ун и кралот Џофри

 
И Џофри Баратеон и Ким Џонг Ун се крвни наследници на својата моќна политичка позиција. Начинот на кој што немилосрдниот Џофри го погуби Нед Старк во првата сезона е сличен на немилосрдната егзекуција на чичкото на Џонг Ун. Бруталноста и суровоста се главни карактеристики на двајцата владетели.
Пирс Морган и Питер Бејлиш

 
Сличноста помеѓу сопственикот на бордел Бејлиш и Морган, лежи во тоа што двајцата се харизматични играчи кои смело им се спротивставуваат на помоќните од себе.
 
 
 
 Британскиот Guardian беше инспириран од нејзината изјава и одлучи и останатите ликови од серијата да ги спореди со политичките фигури од реалниот ж

Пронајдете не на следниве мрежи: