Не е шега, ова е вистина, точно едно евро и 20 центи го чинеа тимот на Бетис за да го ангажира фудбалерот Седрик, кој беше асистент на погодокот на Бетис против Реал Мадрид.Има многу случаи каде екипите за сосема мали суми на пари доведуваат екстра засилувања, во прашање е скаут системот и чувството за трансфер.
Секако дека топ тема ланската сезона беше Миху, кој стана мета на големите тимови по одличните партии за англиски Свонси, а истиот премиерлигашки тим го доведе овој фудбалер за само 2 милиони фунти.
Па, еве уште по интересна сторија, се работи за фудбалерот на Бетис, Седрик Мабвати Џерард.
Интернационалецот од Конго во екипата на шпански Бетис дојде за само 1 евро и 20 центи, толку беше сумата на име обештетување што Бетис ја плати на Нумансија за да го доведе овој фудбалер во своите редови.
Седрик имаше одлична фудбалска партија на мечот од шпанското фудбалско првенство против екипата на Реал Мадрид, и тоа на гостински терен, каде пред преку 75000 гледачи на „Сантиаго Бернабеу“ асистираше во 14-тата минута од мечот за водство на Бетис, стрелец на погодокот беше Хорхе Молина.
Сепак, Реал Мадрид благодарение на феноменалниот Иско направи целосен пресврт на мечот и славеше со 2-1.Има многу случаи каде екипите за сосема мали суми на пари доведуваат екстра засилувања, во прашање е скаут системот и