Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска направија увид во градежните активности на повеќенаменското игралиште во ОУ „Св.Климент Охридски“ во село Драчево.Градежните активности од страна на фирмата „Бауер БГ“, се во полн ек. Игралиштето ќе се протега на вкупна површина од 1.300 квадратни метри, и ќе содржи два гола за мал фудбал и ракомет, како и четири коша. Ќе располага со сите спортски реквизити и урбана опрема, ќе биде комплетно осветлено за да може да се користи и во вечерните часови. Изградбата ја финансира Владата, преку Агенцијата за млади и спорт.
-Оваа активност започна на почетокот на оваа година, се одвива во согласност со утврдената динамика на реализација и планираме дека до крајот на март и почеток на месец април игралиштето ќе биде готово и ќе биде ставено во функција на граѓаните, истакна директорот Спасески.
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт нема тука да застане, веќе во следниот период ќе започнат со изградба на ново повеќенаменско спортско игралиште во состав на подрачното основно училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во населбата Црниче.
Владата на Р.Македонија преку Агенцијата за млади и спорт во изминатите неколку години континуирано и перманентно инвестира во развојот на спортската инфраструктура преку реализација на неколку повеќегодишни инфраструктурни проекти.
-Станува збор за проектите за изградба на 35 спртски сали, 50 помошни фудбалски игралишта, 100 повеќенаменски спортски терени и 100 тениски терени. На ова игралиште граѓаните и спортистите ќе можат да рекреираат и да бидат отргнати од пороците на секојдневното живеење, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека она што го ветиле пред граѓаните во нивната програма дојде време и да го реализираат.
– Жителите на с. Драчево најмногу ќе го почувстуваат бенефитот на оваа игралиште, секако и учениците од Св.Климент Охридски од ова училиште. А за во иднина општина Кисела Вода планира и реконструкција и промена на кровот на спортската сала во ова училиште, рече Беличанец.
Агенцијата за млади и спорт со средства од Владата на Р.Македонија предвидува во програмата за развој на спртот изградба на еден единечен тениски терен во населбата Драчево.
Во изминатов период Агенцијата за млади и спорт беше доста активна, во општината Кисела Вода беа изградени две спортски сали, едната „Архиепископ Доситеј“ и другата „Независка Македонија“. Беа реализирани многу проекти не само во Кисела Вода туку и на територијата на целата држава. Агенцијата за млади и спорт за изградба на повеќенаменското спортско игралиште во С.Драчево издвои 7 милиони денари.
Извор:kurir.mkГрадежните активности од страна на фирмата „Бауер БГ“, се во полн ек. Игралиштето ќе се протега на вкупна површина од 1.300 квадр
Пронајдете не на следниве мрежи: