Дали уставните судии денеска ќе мора под притисок, пред сè политички и однадвор, да ја прифатат инцијативата на ДУИ за поништување на одлуката за распуштање на Собранието? Ова е дилемата што се отвора откако топката за состанување на веќе распуштеното Собрание, политичките елити, преку инцијативата на ДУИ, ја префрлија во рацете на Уставниот суд иако тој веќе еднаш во февруари се произнесе за ненадлежен за ваквите акти, пишува Дневник.Нашите информации од Судот се дека оваа инцијатива на ДУИ за оспорување на распуштањето на Собранието се третира како сосема нова, односно, се третира како иницијатива која има поинакви основи од претходната на Павле Трајанов и на Тодор Петров од февруари и дека врз основа на тоа судиите ќе можат овој пат да ја оценуваат, односно да се премислат. Во февруари Судот сметаше дека одлуката на Собранието за распуштање е поединечен акт и дека поради тоа, нема основа да ја оценува. Kако сега ќе ја образложи евентуалната промена на ова мислење е крајно нејасно, но тоа што е јасно е дека Судот во меѓувреме трпи невиден политички притисок да го спречи одржувањето на изборите, па за образложение што би било издржано, малку кој размислува.
Привремена мерка
Но, настрана притисоците и информациите дека судиите ќе ја прифатат инцијативата и во забрзана постапка, некаде на само неколку дена пред изборите на 5 јуни, ќе ја донесат и конечната одлука со која ќе го поништат ваквиот акт, во потесните кругови се шпекулира и со многу поелегантен начин на кој судиите може да се извлечат од ситуацијата. Тоа е да донесат привремена мерка со која ќе го запрат дејството на одлуката за распуштање пред да донесат конечна одлука, што де факто ќе значи дека оваа одлука засега не постои, а Собранието ќе може да се состане.
Основа за тоа би се нашла во членот 27 од Деловникот на Уставниот суд каде што се вели: „Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт, чија уставност, односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици. Во случаите од став 1 на овој член Уставниот суд е должен да ја заврши постапката во најкраток можен рок“.
Со тоа, Судот би ја запрел од извршување одлуката за распуштање на Собранието поради стравот од „тешко отстранливи последици“, а со тоа би се запрело од извршување и решението за распишување избори. Ако поради тоа, изборите не се одржат, потоа Судот и не мора да донесе конечна одлука бидејќи таа би била беспредметна, па на тој начин не би можел ништо да образлага.
А член 52 од Уставот?
Зошто на Судот би му требала привремената мерка? Затоа што аргументацијата во иницијативата на ДУИ е толку тенка што е речиси невозможно врз таа основа изборите да се одложат. Имено, Судот најпрво ќе треба да ја мине пречката со тоа дали станува збор за општ или поединечен акт. Ако тука успее да ја искривоколчи својата претходна одлука, тогаш ќе се судри со ДУИ според чии аргументи Уставот не предвидува донесување на одлука со одложено дејство каква што е таа за распуштање на парламентот, но предвидува дека распуштањето важи од денот на донесувањето на одлуката. Оттука, донесената одлука врз чија основа се распишани изборите на 5 јуни, според ДУИ е неуставна и со тоа принципот на владеење на правото и правната сигурност биле доведени во прашање.
Но оваа аргументација на ДУИ веќе во самиот старт паѓа во вода бидејќи во членот 52 од Уставот е предвидено дека само законите стапуваат во сила веднаш по нивното објавување во „Службениот весник“, но таа одредба не важи и за прописите каква што е одлуката за распуштање.
„Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување. Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето“, се вели во членот 52 од Уставот, а ставот 3 е кристално јасен и не може да се примени на оваа иницијатива. Оттука, Судот би морал да ја одбие аргументацијата на ДУИ, што е спротивно на политичкиот налог или да ја прифати и целосно да се изрезили. Затоа, едно од мислењата е дека за да се избегне овој срам, треба да се донесе привремена мерка врз чија основа би се одложиле изборите, а резилот во јавноста на тој начин да биде помал.
Ем вмровски ем против ВМРО-ДПМНЕ
Уставниот суд веќе има една сериозна црна дамка врз својата работа, а тоа е прифаќање на политичкиот притисок по ниту една цена да не го укинува Специјалното јавно обвинителство иако таму, неуставноста е од таков степен што е веќе невкусно за тоа да се зборува.
Така што носењето одлука под политички притисок (во овој случај одлука со која би се одложиле изборите, а за која нема разумна правна основа), за овој Уставен суд не би било ништо ново. Апсурдот е меѓутоа што Судот е често е квалификуван како вмровски, а неговото непостапување во врска со СЈО и сега со одложување на изборите не оди во прилог на политичките ставови на партијата на Груевски. Но тоа веројатно може да му се случи само на ВМРО-ДПМНЕ – ем да бидат носени одлуки од неа ем судот да биде третиран како вмровски.
Извор: ДневникНашите информации од Судот се дека оваа инцијатива на ДУИ за оспорување на распуштањето на Собранието се третира како сосема нова, односно, се трет