Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ донел одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24-ти април, согласно договорот од Пржино, пишува Курир.Инаку, во 14:30 часот, во Порта Македонија, закажана е средба на политичките партии од кoалицијата “За подобра Македонија”.
Претходно, владејачката партија излезе со соопштение во кое се вели дека партијата во целост ја прифаќа методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.
-ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера, стоеше во соопштението.
Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич во изјава за МИА посочува дека е изводливо изборите да се одржат во Македонија според договореното на 24 април, но дека за тоа е потребен меѓупартиски договор, а Брисел сака единствено тие да бидат фер.
– Прво и основно, сите лидери мора да останат посветени на договорот од јуни/јули во сите негови делови. Напредокот во спроведувањето е од витално значење во контекст на многу внатрешни и надворешни предизвици со кои се соочува земјата, како и со миграцијата. Ние жалиме што не можеше да се постигне консензус за датумот на изборите во петокот минатата недела, и покрај советите на ОДИХР и на ОБСЕ дека договорениот датум во принцип е се уште изводлив, посочува Коцијанчич.Инаку, во 14:30 часот, во Порта Македонија, закажана е средба на политичките партии од кoалицијата “За подобра Македонија”.
Пре