Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС Македонија за 2016 година добил финансиска поддршка од Министерството за култура за два проекта од областа на заштитата на културното наследство и за три од областа на меѓународната соработка.Тие денеска беа презентирани на 31. седница на Собранието на Комитетот на која, меѓу другото, на дневен ред беа и предлог-извештаите за работата и за материјално-финансиското работење на Комитетот во 2015 година.
Претседателот на ИКОМОС Лазар Шуманов изјави дека во областа на заштитата аплицирале со седум проекти, а во областа на меѓународната соработка со пет, и дека ќе се потрудат самите да реализираат еден до два проекта од оние што не им се прифатени од Министерството.
– Двата одобрени проекта од областа на заштитата се за тековни активности и за котизацијата за членство што ја плаќаме во седиштето на ИКОМОС во Париз, а од меѓународната соработка – за учество на седници на Генералното собрание на ИКОМОС, на Регионалната европска група на национални комитети и на Субрегионалната група каде се собираат националните комитети на земјите од Југоисточна Европа, односно од земјите на поранешна Југославија. Оваа седница треба да се одржи во Цетиње, Црна Гора, изјави Шуманов.
Додаде дека важно им е да го организираат едукативниот форум за кој не добиле поддршка. – Имавме идеја да направиме сет на презентации на кои експерти би одржале целодневни предавања за сопствените искуства, за едукација на сегашниот кадар и на младите колеги зашто, за жал, кај нас на ниту еден факултет нема систем за едукација во конзервацијата. Извонредно е значајно да почне да се реализира тој едукативен форум бидејќи најглавна инвестиција, според мене, е во едукацијата на луѓето, додаде претседателот на ИКОМОС, кој во 2014 одбележа 20 години од основањето.
Интернационалниот комитет на ИКОМОС секоја година го одбележува Светскиот ден на споменици и локалитети 18 Април. Оваа година темата е „Спорт и културно наследство“. Македонскиот комитет на ИКОМОС, рече Шуманов, по повод овој ден ќе се обиде да направи инвентаризација на спортски објекти од минатото кои постојат како споменици на културата.Тие денеска беа презентирани на 31. седница на Собранието на Комитетот на која, меѓу другото, на дневен ред беа и предлог-извештаите за работата и