Дали има народ што повеќе настрадал од своите изроди како македонскиот?Оваа мисла му се припишува на славниот револуционер Гоце Делчев. На 4 февруари беше одбележан неговиот 143. роденден. Неколку дена пред тоа јавноста беше шокирана по обелоденување на случајот „Пуч“, во кој четири лица беа осомничени, меѓу кои Зоран Заев и Зоран Верушевски, за учество и помагање на шпионажа и за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта. За случајот веројатно ќе следи судска разрешница. Ако на суд се докаже дека сомнежите се точни, само уште еднаш ќе се потврди она што го кажал славниот македонски револуционер Делчев дека овој народ си пати од изроди во своите редови. Kривичната пријава на Заев, како и на другите осомничени во случајот „Пуч“, наведува дека во целата работа замешана е странска тајна служба која „работела“ во Македонија и која на опозицијата ~ давала прислушувани разговори.
Се работи за тешки кривични дела кои не трпат импровизација. Ако се утврди дека тоа што го говорат надлежните органи е точно, Заев пред с` треба да одговара пред граѓаните на Република Македонија и да им објасни што тој работел зад нивниот грб? Во чие име се дрзнал да соработува со странски служби кои, секако, за „убави очи“ не му помагале во обидот да урне легитимно избрана власт? Kој е есапот кој треба сите ние да го платиме? Дали треба да дојде до братоубиствена војна за да се одработи агендата на таа странска служба?Kако тоа Заев си замислил да го урива ВМРО-ДПМНЕ кое има најмалку 150 илјади членови, а години наназад на избори освојува и по 500 илјади гласа? Дали Заев не се сети дека поддржувачите на ВМРО- ДПМНЕ нема да стојат настрана додека некој насилно им ја зеде победата или токму тоа е идејата на „готвачите“ овде да инсценираат некакво „украинско сценарио“ за да може потоа некој да си прави што сака со така заслабена држава, како што сега се случува во Украина. Во тој случај нема да биде само прашање за лесно преименување на ова парче земја, туку ќе биде во прашање и самото опстојување на државата. Или тоа е целта на целата акција- или ние на власт или државата ќе ја снема. За да го постигне тоа Заев, заедно со Верушевски, и со некоја си „странска служба“ си дозволиле прислушување на државниот врв и на голем број граѓани. Значи, си дозволиле да „влезат во нечии спални соби“ само за да наслушнат нешто што може да им користи во нивната агенда.По обелоденувањето на случајот, лека-полека почнаа да се поклопуваат парчињата во сложувалката, тргнувајќи од тоа дека Заев во неколку наврати ја поминувал пеш грчко-македонската граница, за што информира „Дневник“, потоа, седењето надвор од Собрание, а патем не правејќи ништо што влијае многу збунувачки, наводната информацијата на опозициските медиуми дека во Македонија власта прислушувала околу 90 новинари, пораките кои Заев му ги испраќал на Мендух Тачи во кои му говори дека има поддршка од „повисоките од надвор“, до текстот во неделникот „Фокус“ дека имало тајни средби меѓу Груевски и Заев на кои лидерот на опозицијата барал техничка влада. Од Заев веќе неколку месеци слушаме за некакви „бомби“ кои никако да ги активира. Впрочем сега разбравме дека тие „бомби“ му служеле за да го уценува премиерот за да му се исполни барањето за техничка влада. Се поставува прашањето што доколку му се исполнеше тоа барање? Дали тоа значи дека „бомбите“ ќе беа деактивирани? Со ова гледаме дека Заев, освен талент за произведување гафови, имал скриени предиспозиции за рекетар и уценувач. А и не е јасно како Заев не се сетил дека ако уценува премиер тоа ќе биде пријавено. На службите за безбедност должност им е да го заштитат премиерот. И обичен човек кога ќе се соочи со закани и уцени ќе стори с` за тоа да го документира, а камоли премиер. Откако беше разоткриен Заев прво велеше дека материјалите за прислушувани илјадници граѓани биле добиени од други „загрижени илјадници граѓани и дека му ги дале службите на Груевски“. За по да видиме на снимката како го уценува премиерот со материјали од странски служби. Потоа повторно го враќа првичниот став за „загрижени граѓани“. Прашање е кога Заев ја говори вистината. Па ова не е некоја игра, „ај погоди“. Се работи за државата и за загриженоста на граѓаните за нејзината иднина со која во нивно име некој си Заев решил да се поигрува. Случајот треба да се истера до крај и ако се потврди вината, Заев и другите да одговараат и да не се попушта под притисоци да му се прогледа низ прсти на креаторот на дестабилизација на државата.
Ирена Радовановиќ за ДНЕВНИКОваа мисла му се припишува на славниот револуционер Гоце Делчев. На 4 февруари беше одбележан неговиот 143. роденден. Неколку дена пред тоа јавност