На Таша Трафорд првобитно ѝ бил дијагносициран рак на коските во декември 2012 година, а минатата година после долго и макотрпно лечење конечно добила позитивни резултати, кои ѝ дозволиле да продолжи со нормалниот живот. Деновите минувале, таа останала бремена, а потоа ја шокирале неверојатни вести: ракот се вратил!Докторите пред неа го поставиле најтешкиот избор кој некогаш треба да го донесе: или таа ќе преживее или нејзиното бебе. Таша мора повторно да подлегне на хемотерапија, која би го убила нејзиното неродено дете, но истата таа терапија ѝ е единствена шанса за живот.
„Се што некогаш сакав во животот е да бидам мајка. Помислата дека еден ден ќе се оствари тоа ме оддржа во живот и бременоста никогаш не била доведена во прашање“, рекла таа.
На Таша ѝ соопштиле дека ракот се вратил само два месеци откако дознала дека е бремена, а се започнало така што чувствувала остра болка во грбот, по што било откриено дека ракот се наоѓа во самиот рбет и на рамената. За работата да биде уште полоша, на оваа медицинска сестра ѝ откриле и бројни тумори по целото тело и докторите заклучиле дека се работи за агресивен рак кој треба да се лечи со силна терапија.
„Едвај успеав да се соземам и да сфатам што ми се случува. Од ваков рак заболуваат само 40 проценти во цела Велика Британија на секои пет години. Овој рак е толку агресивен што ми скрши неколку коски во грбот.
Да не го откриев на време, ќе останев парализирана. Сега морам да подлгнам на терапија за да имам барем малку надеж дека ќе ја преживеам оваа болест“, вели таа.
И покрај тешката болест, Таша одлучила да ја изнесе бременоста до крај, бидејќи единствена желба ѝ е да го држи бебето во раце.
„Пресреќна сум што и покрај агресивната хемотерапија успеав да останам бремена и сфаќам колку е опасна мојата одлука, но сакам да ја изнсам оваа бременост до крај. Ова најтешко му паѓа на мојот сопруг кој ми беше неверојатна потпора до сега. Но, мило ми е што знам дека ќе оставам мало парче од себе“.
Оваа медицинска сестра и конечно одлучила да ги одбие сите видови лечење, а за само неколку месеци ќе го оствари својот најголем сон: да стане мајка.Докторите пред неа го поставиле најтешкиот избор кој некогаш треба да го донесе: или таа ќе преживее или нејзиното бебе. Таша мора повторно да подл



