Илиеска: Нема пазарење со државата

Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ оствари посети и средби со граѓаните на гевгелиски регион во населените места Миравци и Смоквица, како во општина Богданци.-Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ многу внимателно и посветено работи и се труди се што ќе вети пред граѓаните, да го исполни. Многу пати сме биле во ситуација кога сме можеле да ветиме дека ќе решиме некој проблем кој ги засега граѓаните, но тоа не сме го сториле. Нашиот принцип вели, внимателно првин процени и провери, дали навистина имаме можност и ресурси тоа да го оствариме, па отпосле да речеме дека работата е завршена, дека тоа што Ви го ветивме и го реализиравме. Токму поради тоа граѓаните ни веруваат, веруваат во нашите зборови, веруваат пред се поради тоа што 10 години ја практикуваме власта на начин ветено-остварено и тоа е клучниот момент што ВМРО-ДПМНЕ го прави различен од останатите политички партии. Продолжуваме да работиме за држава во која ќе се отворат нови странски и домашни фабрики, нови работни места, сигурна, редовна и зголемена плата за работникот. Држава во која целата патна мрежа ќе биде на европско ниво, нови болници, градинки, спортски објекти…. Тоа е правото лице на ВМРО-ДПМНЕ, истакна таа.
Националните интереси биле, се и остануваат врвен приоритет.
-Нема пазарење со државата, тоа е се што имаме и низ историјата македонскиот народ се борел да го зачува ова парче земја, за некој мало но за нас доволно големо. За разлика од нас, господата од СДСМ во тој поглед целосно докажа дека немаат слух за државност, единсвено се склони кон деструкција и рушење на темелните позиции на државата, а тоа граѓаните го видеа последните две години. Ја втурнаа државата во невиден колапс, создадоа хаос, нетрапеливост помеѓу народот. СДСМ наметна тешка политичка криза, најдлабока политичка криза до сега, и тоа граѓаните неможат да го заборават. Граѓаните знаат дека СДСМ беше против идејата за самостојна и независна држава, понатаму граѓаните ја паметат и територијалната поделба, граѓаните уште повеќе ја паметат изјавата на Заев, за виткање на кичмата, дека сега е време да се редефинира државата. Нашите граѓани ја паметат СДСМ само по работи кои биле на штета на државата, тоа е таа сурова реалност со која СДСМ неможе да се соочи и помири со години. СДСМ, ја втурна државата во невидена криза и на работ на внатреетнички, но и можност за меѓуетнички конфликт, посакуваа крвопролевање, сакаа да не закрват до крај за да може без вољата на народот да дојдат на власт, истакна Илиеска.
-На нашиот народ тоа не му е потребно. На  нашиот народ му е потребно развојна економија, перспектива, инвестиции, за тоа се бориме во ВМРО-ДПМНЕ, за тоа велиме да ставиме крај на оваа политичка криза која не ни носи добро, туку само ни нанесе огромна штета. 11 декември е денот кога нашите граѓани,  ќе покажат дека Македонија има политичка зрелост и капацитет да процени, да оцени, да награди но и да казни. Да ги награди тие што искрено работат за земјата, но и да ги казни оние кои со години и коваат црни планови како да ја уништат сопствената држава, единствено само да дојдат на власт, посочи таа пред граѓаните.-Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ многу внимателно и посветено работи и се труди се што ќе вети пред граѓаните, да го исполни. Многу пати сме биле во с

Пронајдете не на следниве мрежи: