Денеска, како и многу пати до сега, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со граѓаните на струмичко. Ги посетвивме и имавме продуктивни средби со жителите на Ново Село, Колешино, Просениково и еве сега сме во Смоларе, изјави Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМЕ.-Пред некој ден бевме и во гевгелискиот регион и се така по ред, во секое населено место, граѓаните не пречекуваат со отворени врати затоа што знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот партнер на граѓаните, и вистински избор со кој земјата чекори напред. Тука сме за да ги слушнеме граѓаните, да поразговараме за проблеми, идеи, сугестии, за нашата работа. Да слушнеме од Вас дирекно, за тоа што треба понатаму да се сработи, кој локален пат да се поправи или нов да се изгради, да слушнеме колку сте задоволни од субвенциите во земјоделието, да Ви кажеме дека субвенциите од година во година и понатака ќе се зголемуваат. Да поразговарме за економијата и инвестициите, за проблемите кои се нашиот предизвик, за образование, здравство, инфраструктура, за идните можностите за развој. Да ви потврдиме дека довербата кој 10 години по ред ни ја давате, ВМРО-ДПМНЕ високо ја цени. Патот што заедно сме го трасирале сите овие години наназад, е вистинскиот пат за просперитетна Македонија, по тој пат ние заедно чекориме, и ќе продолжиме со уште позасилено темпо, потенцираше Илиеска.
-Ве уверуваме дека нема сила која може да не оттргне од тој пат. Народот е трпелив и тоа е негова силна одлика. Ние сме свесни дека без Вашата поддршка неможеме и немаме сила да ја водиме земјата во вистинскиот правец, но верувам дека и Вие добро знаете а тоа до сега и го докажавте, дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и мисли добро на државата, партија за која младите, земјоделецот, образованиот, работникот, се во фокусот на внимание. Само да истакнам дека во време на СДСМ невработеноста рекордно изнесуваше 38%. ВМРО-ДПМНЕ направи на крајот во втората половина на 2014 година невработеноста да падне на 27,6, и покрај политичката криза, невработеноста рекордно падна на историски најниска стапка од 24%. Во последните двеиопол година имаме пад на невработеноста од 3.6%, и тоа во време на тешка политичка криза што СДСМ ја наметна, истакна Илиеска.
Таа вели и дека пред некој ден во Струмица, ги отворивме новите простории на општинскиот комитет на партијата, невиден интерес и гужва од народ се имаше насобрано пред партискиот штаб. Тоа доволно говори дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од граѓаните.
Истовремено, граѓаните му порачуваат на Заев које е во заминување од политиката, дека дојде време за крај на неговата деструктивна политика, дека дојде време да си ги собере парталите и да го ослободи народот од неговите црни сценарија за двојазичност, раздор, нетрапеливост и пазарење со националните интереси.
11-декември е крајниот рок на неумешноста и непримерното поведени на Заев и неговите деструкции, 11 декември е денот кога нашите граѓани ќе покажат дека Македонија има политичка зрелост и капацитет и дека може, знае и умее како да се справи со сите што не и мислат добро на сопствената земја, посочи таа.-Пред некој ден бевме и во гевгелискиот регион и се така по ред, во секое населено место, граѓаните не пречекуваат со отворени врати затоа што знаа