Илиевска: За ВМРО-ДПМНЕ, дадениот збор има тежина

За ВМРО-ДПМНЕ, дадениот збор има тежина, сè што сме ветиле пред граѓаните сме оствариле, тоа е причината поради која граѓаните ни веруваат, истакна денес Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ која се сретна со граѓаните од струмичкиот регион.-Во периодот што претстои, како и до сега, активни на терен, заедно со граѓаните, од едно место во друго, да ги разгледаме идеите и проблемите, да согледаме она што е останато да се до работи, да се започнат нови проекти и да се решат што е можно поголем број на ситуации. Тука сме и целосно сме отворени за било кое прашање да се поразговара, да се помогне, бидејќи тоа е нашиот пристап кон луѓето. Тоа е концептот на партијата, граѓаните тоа го прифатија, и тој концепт се докажа како вистински и оправдан. Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ се стабилни. Како политичка гарнитура, со убедливи изборни победи од 2006 па до денес, наметнавме високи критериуми на политичката сцена, кои продуцираат резултати, а тоа е да се напише програма која директно е производ на потребите на граѓаните, да се биде отчетен пред нив, истакна Илиеска.
Таа додаде дека само од тие причини, граѓаните на Македонија му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата работи посветено, а како врвен приоритет ги става економијата, решавањето на невработеноста, поголеми инвестиции, помагање на домашното стопанство, поголеми и редовни плати за работниците, работиме  за земјоделците, за студентите, за спортистите, пензионерите, за подобра иднина на нашата земја.
-Време е да ставиме крај на лудилото што СДСМ го создаде и вештачки го креира, нивното недолично поведение и марионетска политика, направи граѓаните да се чуствуваат несигурни, креираа клима на нестабилност и деструктивност, го потценија сопствениот народ, што е најстрашно ја потценија интелегенцијата на граѓаните, заборавија дека  трпеливоста е силата и оружјето на  македонскиот народ.  Победата на 11 декември, значи победа со 63 пратеници, за силна и стабилна Македонија, вели порача Илиевска од струмичко.-Во периодот што претстои, како и до сега, активни на терен, заедно со граѓаните, од едно место во друго, да ги разгледаме идеите и проблемите, да

Пронајдете не на следниве мрежи: