Граѓаните веќе 71 ден се на улиците низ државата, со барање на се отфрли Тиранската платформа и да се распишат нови избори, за да се зачува унитарноста на Република Македонија.Еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски денес повика граѓаните со аплауз да ги поздрават полицајците и дека нема потреба од нив на протестите.
-Ние 60 дена протестиравме на најмирен, најдостоинствен начин, не по наша вина или волја се случи на 27 април нешто што не требаше да се случи. Меѓутоа, од утредента до ден денеска повторно докажавме дека ние сме граѓани кои што ја сакаат оваа земја и си го реализираат своето право што го дава Уставот, што го даваат законите, на мирен протест да излезат и да се борат за она што го сакаат и она во што веруваат и затоа, за да им покажеме и докажеме, иако знаат дека е непотребно да тормозат толку многу припадници, чувари на редот и мирот. 71 ден од отпорот кој е наша должност, должност кога некој сака после избори да подметнува документи создадени во други држави, кои бараат да се отвори дебата за знамето, за химната, за државниот грб, изјави Илиевски.
Тој кажа дека ако некој има проблем со химната на Крушевската република и на Гоце и на Даме, ама и на Питу, со Крушевската република, од каде произлегол и Крушевскиот манифест, манифест кој што поширок не може да биде, тогаш исто тој човек треба да си провери главата, да размисли што зборува и како им се обраќа на оние кои него го следат, каков пример им дава, а не да бара ние да ја виткаме кичмата.
-Ако некој, ако има некој во оваа земја на кого му пречи ова знаме, тој треба да поработи на себе, на своето воспитување, са својот однос кон соседите, кон браќата, а не да бара да бидат дискриминирани и тормозени стотици илјади граѓани, кои никому зло ниту помислиле, ниту направиле. Ако некој има проблем со химната на Крушевската република и на Гоце и на Даме, ама и на Питу, со Крушевската република, од каде произлегол и Крушевскиот манифест, манифест кој што поширок не може да биде, тогаш исто тој човек треба да си провери главата, да размисли што зборува и како им се обраќа на оние кои него го следат, каков пример им дава, а не да бара ние да ја виткаме кичмата. 71 ден доаѓаме тука, баравме најчесно да се откажат од таа Тиранска платформа, прво негираа, не постоела, после им ја читаа во Собрание, нивните нови колеги, поранешниот режим, сега големите демократи, изјави Илиевски.
Тој ги повика да прифатат избори, па да видат дали граѓани ја поддржуваат Тиранската платформа.
– Не го прифатија тоа, бидејќи им беше толку мила, рековме во ред, ако не можете да се симнете од таа Тиранска платформа, ако ви се залепени нозете со нешто доле, тогаш излезете барем на избори, па да видиме дали ќе добиете поддршка од граѓаните за спроведување на точките од тиранската платформа. Знаат дека таква поддршка немаат, лажат дека биле 700тини илјади, тоа не е точно, милион и 200 илјади Македонци беа излажани после изборите, со новиот договор меѓу фамозната, неславна тиранска коалиција. Ни тоа не им одговараше, но избори еден ден ќе има, мора да има и тогаш ќе го слушнат одговорот на луѓето, кои сега се жртви на т.н. современа окупација, бидејќи нема друг збор како да се објасни она што се случуваше во овој дом и во нашата земја последниот период. На неизброени пратеници, на прекршување на сите можни точки во деловникот кои се базира на Уставот на Република Македонија, како да се бираат меѓу себе во фудбал во маало кога се бираат кој со кого ќе игра, па така ли се бира претседател на Собрание. Без записник, без броење на пратеници, без давање можност за збор на други, без прашување дали има противкандидат и таквиот избор пет минути подоцна им го честитаат луѓе со свои интереси, тоа не се луѓе кои делат интерес со граѓаните на Република Македонија, изјави Илиевски.
Тој смета дека секој кој ќе прифати ваква лакрдија не и мисли добро на Македонија.
– И секој кој што ќе прифати таква лакрдија, тој не и мисли добро на оваа земја, бидејќи не мисли добро на редот и поредокот, на законите кои мора да се почитуваат ако сакаме да кажеме дека имаме држава. Ние се бориме против тоа и имаме право на тоа, а оној кој што замижува и вика ете видете големите сили го поддржаа, така се црпи легитимитетот, можеби така мислите во моментов дека ќе го црпите легитимитетот, ама ако ова стане пракса во оваа земја, заборавете на Република Македонија, нема да ја имаме повеќе, затоа отпорот станува наша должност, како ќе го покажуваме ќе се договориме, меѓутоа за должината немам дилеми, тоа ќе го правиме се додека не успееме, а еден ден ќе успееме, бидете сигурни во тоа, изјави Илиевски.
Како да живее човек мирно во оваа земја, кога некој утре може што сака да ви направи ако тоа му одоброволено од некој од надвор, од некој кој е голем или го замислуваме како голем, бидејќи можеби се плашиме во себе од тој некој големец, праша Илиевски пред Собрание.
-Оние што тврдат дека се бореле за правда и мир, а мижат пред кршење на Уставот, не се борат за правда и за мир. Како да живее човек мирно во оваа земја, кога некој утре може што сака да ви направи ако тоа му одоброволено од некој од надвор, од некој кој е голем или го замислуваме како голем, бидејќи можеби се плашиме во себе од тој некој големец. Вчера читав изјава на еден познат аналитичар, кој што рече не е проблем како го бирале Талат Џафери, тој својот легитимитет го црпи од мнозинството, тие се 67 кои го поддржуваат, секако ќе го избереа. Да речеме дека е така, изберете го по процедура, постои ред, постои закон, постои деловник, постои устав, не може да се прави замена на тези , не може да се релативизира лакрдијата, да се релативизира обидот за државен удар кој што се случи внатре, не смееме тоа да го направиме.
Тој смета дека не смееме да замолчиме пред ова, бидејќи без Устав и без закони ќе немаме држава.
-Ако замолчиме, ако замижиме пред тоа, ние ќе сме генерацијата која во многу допринела за укинување на македонската држава, бидејќи без Устав и без закони немаме држава, тоа нема да го дозволиме, не смееме да се откажеме од борбата за правдините. Пред малку ми кажаа едни госпоѓи дека слушнале од некои медиуми, знаете од која групација, дека денеска немало да има протест, не знам како може некому да му е незамислива битката на граѓаните за правна држава, таа битка е и за тие луѓе, од тие медиуми кои известуваат со помрачина на очите, ама и за нив ќе ја добиеме оваа битка, бидејќи сме на страната на правото и правдината, на страната на доброто, колку и да звучи како приказна, доброто ќе победи, доброто мора да победи, ние ќе победиме. Сите заедно, 71 ден го одиме овој пат, никогаш нема да престанеме да го одиме, тоа е наша обврска и на сите браќа и сестри низ целата Република Македонија, изјави ИлиевскиЕден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски денес повика граѓаните со аплауз да ги поз