Од кабинетот на Иванов велат дека Иванов очекувал Заев да го исполни јавно кажаниот збор дека со тиранската коалиција ќе била загарантирана унитарноста на државата, да ве потсетам за оние кои што заборавиле, Зоран Заев е човекот кој кога оди надвор од нашата земја вели дека Охридскиот рамковен договор е само обичен договор и рамка поради која загинале 80 македонски војници во 2001-та. Изјави Богдан Илиевски членот на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.-Зоран Заев е човек кој кога оди во Бугарија вели дека „ние сме един народ“, Зоран Заев е човекот кој кога оди во Србија вели дека Косово е срцето на Србија, така да не се сомневам дека кога тој ќе оди во вилата на Водно ќе каже и потпише се што сака бидејќи ја знаеме неговата нара. Мене особено ми се допадна оној дел од претседателот кој што вика гаранциите ќе се зајакнување на државата, а веќе имаме доказ дека тиранската коалиција ја зајакнува унитарноста во државата, прво го прекршеа Уставот, па пробаа да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието и со тоа направија државен удар. Потоа тие ја зајакнаа унитарноста со албанските знаменца во канцеларијата на Талат Џафери, па со книгата во која се опишуваат идеите за голема Албанија а таа книга беше прва на бирото на Талат Џафери, вели Илиевски.
Тој потенцираше дека претседателот Иванов изјавил дека ниту еден акт кој е прекршен од Уставот не може да биде услов за формирање на Влада.
-Вратете му ги писмата кој ви ги праќа, не станувајте дел од проблемот почитуван претседателе Иванов. Абасадорот на Република Албанија во Македонија изјави дека во нашата држава со изборот на Џафери се стабилизирала политичката состојба, јас би го замолил господинот Река да не не стабилизира толку, неговата држава со тиранската платформа не мора да мудрува за оваа држава овде, нека си ја гледаат својата и нека не бидат злобни и циници, изјави Илиевски.-Зоран Заев е човек кој кога оди во Бугарија вели дека „ние сме един народ“, Зоран Заев е човекот кој кога оди во Србија вели дека Косо