Илиевски: Имаме енергија и мотив за понатаму, ќе дојде ден кога некој сериозно ќе одговара за се што и прави на Македонија

Некој да кажеше на првиот ден дека ќе броиме 74-ти и дека имаме енергија, сила, волја, мотив за понатаму можеби ќе му се насмеевте, истакна од пред Собранието на Република Македонија Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Дали оние кои не се препознаваат во химната се препознаваат во моделот на вработување по партиски клуч наречен „нишај врата, земја плата“. Дали оние кои се чувствуваат малку лошо бидејќи химната на Република Македонија не го одразувала карактерот на земјата каков тие го чувствуваат, како се чувствуваат кога под истата химна ќе потпишуваат тендери и договори за јавни набавки. Како се чувствуваат оние кои не се пронаоѓаат под македонското знаме, во химната, кога стануваат министри, па милионери. Дали ознаките на оваа земја не им пречеле во нивниот раст и развој како политичари, како богаташи. Тоа се работи кои секој од нас има легитимно право да им ги постави. Или да им го даде одговорот, ако тие не сакаат. Еден ден на избори, истакна Илиевски.
Тој додава дека избори ќе има.
-Талат Џафери изрази надеж дека со неговиот избор и наскоро изборот на нова влада, државата ќе се вратела на својот пат кој води до создавање на функционална држава. Тоа го вели човек, кој е избран кршејќи десетици закони, деловникот за работа и Уставот на Република Македонија. Значи кршејќи го Уставот се гради функционална држава. Можеби нему не му е чудно, од терорист некои денес некои го оквалификуваат како борец за мир и гарантор на мирот. Она што тој го заборавил е дека во процесот на помирување, кога сме го прифатиле да стане дел од политичката сцена тоа не значи дека 16 години подоцна ќе даде ваква изјава и некој ќе му поверува. На неговиот повик веднаш се се одзваа од БЕСА кои меѓу другото не заборавија да кажат дека во преговорите за влада секако ќе влезе тоа што тие го бараат, редефинирање на Република Македонија, вели Илиевски.
-Нашата битка е битка за правда за Република Македонија, битка која ја водиме со љубов, а не со двојни стандарди и битка во која порачуваме дека правото и правдата еден ден повторно ќе стапат на сила во Република Македонија, а не онаа сила од надвор која вели дека нема правдина, додава Илиевски.
Илиевски додава дека за Заев и СДСМ Иванов беше нелегален претседател.
-Толку се навикнаа на нелегални претседатели, па сега бараат тој што не го признаваа за претседател да им го додели мандатот час поскоро, додава Богдан Илиевски.
-Ќе дојде ден кога некој сериозно ќе треба да одговара за се што и прави на Македонија, а до тој ден ние немаме друг избор освен отпор кон неправдите, кон уривањето на темелите на државата, отпор кон сите злонамерници во и околу Република Македонија. Ви гарантирам дека еден ден, ќе победиме. Ако тие победат ќе ја загубиме државата, а тоа не е опција, дециден беше Илиевски.-Дали оние кои не се препознаваат во химната се препознаваат во моделот на вработување по партиски клуч наречен „нишај врата, земја плата&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: