Денеска на улиците во Скопје повторно излегоа илјадници граѓани, тие 36-ти ден по ред ја испраќаат пораката дека се против двојазична и двонационална држава, туку дека се за мултиетничка Република Македонија. Тие денеска се собраа пред ЕУ инфо центарот, каде му испратија јасна порака на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски ги кажа барањата поради кои граѓаните се на улицте веќе 36 дена.
-Понеделник 3 април, 36-ти ден од херојскиот подвиг на сите вас, како 100-тици илјади граѓани на оваа земја решија да кажат како народот не смее да биде игнориран, 36-ти ден како бараме од сите политички партии да се откажат, да ја отфрлат да ја осудат тиранската платформа, 36ти ден како повторуваме, не сакаме двонационална, двојазична Македонија, туку мулти етничка Македонија, заедничка Македонија, 36-ти ден како повторуваме дека нема дебата за знамето, за химната, за државниот грб, нема дебата за името на Република Македонија, порача Илиевски.
Тој потенцираше дека во оваа земја доаѓале политичари со свои агенди и интереси, кои не сакаат да го слушнат гласот на народот, но и такци имаат малку повеќе сенс за зборот суверенитет и не наметнуваат решенија, кои резултираат со свиткана кичма на македонскиот народ.
-Македонци некогаш во нашата земја и во оваа зграда доаѓаат луѓе, кои што мислат дека можат да ни го свиткаат грбот, некогаш доаѓаат политичари со свои интереси и свои агенди, кои сакаат да не се сретнат со народот и да не го слушнат гласот на народот. Нo некогаш доаѓаат и такви политичари кои имаат малку повеќе сенс за зборот суверенитет и такви политичари кои не се наметнуваат со такви решенија, кои резултираат со свиткана кичма. Му посакуваме добредојде на господинот Туск и му посакуваме добро да не види колку сме, бидејќи ако повторно дојде некој Хан ние можеме да се собереме и во неколку пати поголем број од овој, изјави Илиевски
Тој кажа дека Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет ги слушнал пораките кои граѓаните ги испраќаат и дека ќе им ги пренесе на своите колеги од Брисел.
-Се надеваме дека ги слушнал нашите пораки и ќе ги пренесе кај неговите колеги во Брисел, од кои дел од нив сигурно мислат дека лесно може да се справат со нас, иако 36-ти ден по ред им гарантираме дека не е така. Ќе продолжиме да им гарантираме, да покажуваме и докажуваме дека никој не може да ја сака оваа земја повеќе од нас самите и никој не може да се бори повеќе за неа од нас самите. Добронамерниците ќе ги пречекаме како што треба, оние другите како што заслужуваат, изјави Илиевски.Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски ги кажа барањата поради кои граѓани