Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска, на 69 ден од почетокот на протестните маршеви, наместо протест, организираше панел дискусија на тема случувањата во Собранието на 27 април.-Денешната средба, односно 69 ден од почетокот на протестните маршеви на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија ја замисливме да биде на некој начин секција на сите случувањата од Собранието, кои може да ги толкуваме и како директна провокација за оние највжештени глави од народот пред Собрание да го иницираат оној чин што се случи на 27 април, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.
Ситуацијата ескалираше, додаде Илиевски, со т.н. избор на претседател на Собранието во ликот на Талат Џафери, избор кој што е вон сите процедури, избор кој се коси Уставот, Законот за Собрание, со Деловникот за работа, но иако тоа некој го знае, добро е кога експерти за оваа проблематика ќе кажат што точно се случи во Собранието, кои се последиците и се консеквентно што произлегува од еден таков незаконски избор за претседател на Собранието.
На панел дискусијата присуствуваат и професорите Иванка Додовска и Александар Даштевски.-Денешната средба, односно 69 ден од почетокот на протестните маршеви на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија ја замисливме да биде на н