Со нас има многу родители со своите деца. Родители кои се загрижени за тоа каква држава ќе им остават на децата. Родители кои се цврсто одлучни загриженоста да ја претворат во храброст, а стравот од неизвесната иднина во силна одлучност за учество во креирањето на таа иднина. Вие сте примерот кој треба да се следи, вие сте иднината на Република Македонија, на заедничка Македонија, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Денес е 25 ден откако граѓаните одлучија дека ќе се борат за заедничка Македонија, за земјата што ја сакаат и во која живеат, исто како што живееле нашите предци, а ќе живеат и нашите поколенија, ќе живеат како горди граѓани на Македонија. Горди бидејќи се широки во срцето и со огромна почит за сите свои сограѓани. Сонцето кое некои сакаат да го снема од нашето знаме, ќе продолжи да свети подеднакво за сите и од тоа не отстапуваме, не го даваме нашето знаме. Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно, достоинствено, а не во поделена земја, вели Илиевски.
Тој додава дека се повеќе, посилни, похрабри и на вистинската страна.
-Во овие моменти многу е важно кој која страна ќе ја заземе, на лошите предавнички полити или на граѓаните кои не сакаат двојазична и бинационална држава на пат за федерализација, не сакаат промена на знаме, химна, држава и грб затоа што некој нема однов кон државата во која живее. Тој однос мора да го има секој жител на Република Македонија, доколку не му се допаѓа нека си побара друга држава, вели Илиевски.-Денес е 25 ден откако граѓаните одлучија дека ќе се борат за заедничка Македонија, за земјата што ја сакаат и во која живеат, исто како што живеел