Илиевски: Осудуваме насилство, но и осудуваме обид за државен удар во Собранието на Република Македонија

Да мразиш како и да сакаш може да се научи, многу е полесно да научиш да сакаш, а некои работи и не треба да ги имаш бидејќи ги имаш во своите гени како на пример љубовта кон својата фамилија, или љубовта кон нашата татковина и нашиот народ, вели Богдан Илиевски од протестот пред канцеларија на ЕУ во Скопје.-За некои луѓе ова е нашиот грев, бидејќи ја сакаме оваа земја и бидејќи шеесет дена мирно со сплотеност протестираме, со храбрење на кичмата на Македонецот која мора да биде исправена, на челото кое мора да биде високо ако сакаме да се нарекуваме народ и да имаме сопствена држава. После шеесет дена откако видоа дека оваа кичма не се витка ниту крши некои луѓе го искористија тоа за да го испровоцираат она што секој човек го има во себе да не се лажеме, меѓутоа за жал вчера се случи спротивното, насилство кое мора да го осудиме, насилство кое не е патот, ниту една капка крв не е вредна да падне за неразумни луѓе, истакна Илиевски.
Тој потенцираше дека нивниот пат е патот на достоинство, патот на честа и љубовта кон Македонија и затоа го осудуваат насилството ама го осудуваме и пеењето на туѓа химна во Собранието, осудуваат насилство, но и пиштоли вперени во цивили, осудуваат насилство но и осудуваат обиди да се сокрие обидот за државен удар во Македонија-За некои луѓе ова е нашиот грев, бидејќи ја сакаме оваа земја и бидејќи шеесет дена мирно со сплотеност протестираме, со храбрење на кичмата на Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: