Нема да изберат Претседател на Собранието, без оглед на сите сценарија кои што си ги прават, порача на денешниот протестен марш во Скопје на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, еден од членовите на иницијативата.Вели дека најавите за некакво насилно преземање, со останување на пратениците во Собранието по 18 часот е најмал проблем, бидејќи како што вели, ние сме тука секој ден по 18 часот.
– Нека останат после 18, да видат колку кандидати има за пратеници и за Претседатели на Собранието, да видат дека не се ништо повеќе од нас. Сме им дале доверба да работат во наш интерес, а не после избори да подметнуваат документи кои се максимално штетни за оваа држава. Како што влегле, така и ќе излезат! Само нека се осмелат!, истакна Илиевски.
Тој ги повтори успесите на Граѓанската иницијатива, посочувајќи дека 54 ден откако народот протестира низ Македонија, се уште не е избран Претседател на Собранието кој ја нема отфрлено и осудено Тиранската платформа.
-Благодарејќи на сите вас кои протестирате низ цела Македонија, не беше доделен мандатот на Тиранската коалиција за формирање Влада. Ветуваа дека на 24 март ќе формирале Влада, денеска е 21 април се уште не избрале и нема да избрале Претседател на Собрание, заменик-претседател на Републиката кој се држи на платформа изготвена во Тирана.Вели дека најавите за некакво насилно преземање, со останување на пратениците во Собранието по 18 часот е најмал проблем, бидејќи како што вели, ни