Носителот на Изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, денес на митингот во својот роден град Велес, понесен од победничката атмосфера на бината се качи со развиорено македонско знаме.Како што дознаваме, Димовски на овој потег се одлучил откако на вчерашниот митинг на СДСМ во Велес, за прв пат во историјата на градот на политички митинг се појавија албански знамиња на една македонска партија.
Ваквата постапка од страна на СДСМ ги згрози велешани, исто како што е згрозена целата македонска јавност од најавите за двојазичност и федерализација на Република Македонија.
– Срамно е што во срцето на Македонија вчера на митингот на СДСМ имаше повеќе албански знамиња од македонски знамиња. Ова е прв пат во историјата на Велес да има албански знамиња на митинг на една голема македонска партија, рече Димовски.
Со македонското знаме Димовски даде до знаење дека Република Македонија нема да дозволи ниту двојазичност ниту федерализација ниту било какви погубни сценарија за македонците.
Димовски ги повика велешани на 11 декември сите да излезат и да се спротистават на сите антимакедонски сценарија кои што ги презентира СДСМ.
Како што дознаваме, Димовски на овој потег се одлучил откако на вчерашниот митинг на СДСМ во Велес, за прв пат во историјата на градот на политички