Илија Димовски: Овој конгрес не е демократски!

Со жалење ги информирам делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да присуствувам на Конгресот затоа што раководните лица и органи во партијата не создадоа и не овозможија услови за демократски Конгрес кој реално ќе ја отслика вољата на членовите.Со жалење ги информирам делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да присуствувам на Конгресот затоа што раководните лица и органи во партијата не создадоа и не овозможија услови за демократски Конгрес кој реално ќе ја отслика вољата на членовите.
Овој Конгрес не го носи со себе легитимитетот на широкото и големо членство на ВМРО-ДПМНЕ. Има политички дефицит и јасни одрази на креирање на состојба на формален избор на веќе одлучено решение, без вклученост на нашите местни и општински комитети, ветераните и сите членови на партијата.

Моите забелешки не се од персонални причини, туку станува збор за принципиелни и концептуални разлики.
ВМРО-ДПМНЕ беше првата политичка партија која во Македонија ја промовираше идејата за демократија, слобода и плурализам. Така мора да биде и сега.
ВМРО-ДПМНЕ беше предводникот на патриотските, прогресивните и граѓанските сили кои се бореа за силна, демократска и европска Македонија. Така мора да биде и сега.
ВМРО-ДПМНЕ беше партија во која членовите видоа алтернатива на комунизмот, едноумието и анационалните структури од минатото.
На ВМРО-ДПМНЕ му е потребен нов концепт на отвореност, транспарентност и демократија. Партијата мора да ги обнови и создаде старите партнерства и мора да биде прифатена како сериозна и единствена алтернатива на лошата и неуспешна власт на СДСМ.
Но, ВМРО-ДПМНЕ тоа може да го покаже само низ сопствен пример на прифаќање на некои свои грешки и пропусти, нивно исправање и силна енергија која ќе покаже дека и членовите и граѓаните, без разлика на нивната етничка и верска припадност, ќе може да прифатат дека ВМРО-ДПМНЕ е столбот врз кој може да се гради демократија, слобода, економски напредок и здрава и силна држава.
ВМРО-ДПМНЕ во минатото направи многу добри проекти во економијата, инфраструктурата, земјоделието, социјалните права на граѓаните, за Армијата, за младите, за претприемачите и пензионерите. Затоа не смее да покажува знаци на демократски дефицит и знаци на неспремност за прифаќање на различно мислење и во рамките на себе и надвор од своите структури.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го надмине и овој период на внатрешни потреси и повторно ќе биде силна партија.
ВМРО-ДПМНЕ мора да остане единствена затоа што и е потребна на Македонија. Останувам дел од партијата за да помогнам во тоа. Останувам посветен на нашата идеја, борба и идеологија, онака како што најдобро знам, со целиот свој капацитет.
На ВМРО-ДПМНЕ му е потребно единство низ заеднички и широко прифатени одлуки.
ВМРО-ДПМНЕ е завет, наследство и верба во подобра иднина за Македонија и сите нејзини граѓани. Таа била и ќе остане столбот на идејата за Македонија.
Со жалење ги информирам делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да присуствувам на Конгресот затоа што раковод

Пронајдете не на следниве мрежи: