Се наоѓаме пред училиштето „Димитар Миладинов“ во Општина Центар кое во моментов е затворено и не работи, односно не се држи настава во моментов.Причината за итната евакуација на учениците и прекинување на наставата е избивање на сериозен проблем со електричната инсталација во училиштето, проблем кој можел да заврши фатално за голем број на ученици.
Имено, електричната инсталација и разводната табла предизвикале електричен пожар, искрење и чадење низ просториите на училиштето, што само по себе предизвикува опасност од вдишување чад и гушење од страна на учениците.
Електричната инсталација во училиштето е дотрајана и претставува опасност за стотици ученици кои се во секој момент на настава во училиштето.
Одговорноста е директно насочена кон градоначалникот на Општина Центар, мрзливиот Андреј Жерновски.
Дали на мрзливиот Жерновски поважни му се боемските улици од над милион евра, отколку детските животи?
Дали на мрзливиот Жерновски му се поважни скапите тамбураши за кои никогаш не кажа колку чинат, отколку детските животи?
Дали на мрзливиот Жерновски му се поважни Ди Џеите како Стив Аоки кои чинат стотици илјади евра, отколку детските животи?
Дали на мрзливиот Жерновски му се поважни тарифите на неговите хаус мајстори за маркици за градба, отколку санирањето на училиштето и детските животи?
Дрвото од градоначалник Жерновски во ова училиште исто така вети и гасификација, но никогаш не ја направи.
Ситуацијата во училиштата под Општина Центар е алармантна.
За негрижата на мрзливиот Жерновски кон учениците во Општина Центар и нашите деца ќе биде казнет на локалните избори кои ни претстојат.Причината за итната евакуација на учениците и прекинување на наставата е избивање на сериозен проблем со електричната инсталација во училиштето, пр