Советниците на СДСМ од Општина Центар, по предлог на градоначалникот Андреј Жерновски, денеска со 12 гласови изгласаа промена на деталниот урбанистички план за Центар изгласан уште во 2012 година.Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија дека се работи за незаконско изгласани одлуки и го обвинија Жерновски дека за него е добро само она што тој го наумил.
-Градоначалникот не го интересира ништо кога мисли дека е во право и дека треба тоа да го истера, ниту закон ниту интерес на граѓаните, ниту тоа дали некој почнал со инвестиција, дали вложил или не вложил средства. Едноставно ние мислиме вака, ова е пораката која им ја праќате на граѓаните, му кажа советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илијовски на Андреј Жерновски.
Илијовски смета дека овие одлуки градоначалникот требало да ги донесе пред 4 години, за никој во овој период да не вложел ништо тој дел од Центар. Тој напоменува дека тие луѓе плаќале и во општината како што е законот за уредување на градежно земјиште.
-Тие луѓе постапувале така како што стоело, како што законски било определено, сега им велите „не“, вие не сте биле во право, јас се ќе направам како што сакам, со помош на мнозинството што стои позади мене, вели Илијовски.
Тој го обвини градоначалникот дека во ниту еден момент не се осврнал на тоа дали некоја од овие одлуки е на закон заснована, дали некогаш некоја ваква одлука била со законско решение дозволена.
-Јас сум убеден дека ова што денеска го туркате во советот е крајно противуставно и противзаконски, со далекусежни последици по буџетот на општината и по граѓаните кои живеат во нејзе, изјави Илијовски.
Илијовски напомена дека овие одлуки на општината може да ја чинат милиони евра поради тужби од други заинтересирани страни и му порача на градоначалникот Жерновски дека не е во ред да му остава ваква состојба на идниот градоначалник, криејќи се позди интересот на граѓаните, кој не го штити.Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија дека се работи за незаконско изгласани одлуки и го обвинија Жерновски дека за него е добро само она што тој г