Граѓаните на Велес и Прилеп се едногласни дека Бугарија и Македонија имаат различна историја. Тие во анкетите велат дека македонската историја и е македонска и оти историјата не се менува.-Нема што да бараат Бугарите тука. Македонската историја си е наша историја. Не можеме како сака некојси друг, па ние да менуваме историја. Историјата не се менува, една, единствена е.
-Ми се чини дека не би требало да бидеме заедно на Илинден.
-Окупатори. Повеќе од тоа што да ви кажам. Секој еден што дошол во Македонија не дошол да и посака добро на Македонија, сакал само зло и ништо повеќе.
-Од пред Втората светска војна, Балканските војни, Првата светска војна, секогаш Бугарската држава била окупаторска.
Ова се само дел од коментарите на граѓаните на Велес кои едногласно велат дека Македонија и Бугарија имаат различна историја.
Со истото се сложуваат и прилепчани.
-Многу се замешуваат во историјата. Од порано ваква историја немало, ни па сега може да има. Историјата се знае уште од времето кога сме ние родени, како постоела и така мора да биде и понатаму. Како сега се јавува некоја нова историја? Тоа е е право.
– Зошто да се менуваат учебниците по историја? Како што биле така и треба да останат.
– Илинден е чисто македонски празник.
Ова се дел од одговорите на граѓаните на Прилеп во врска со историјата на Македонија и Бугарија.
Ваквите прашања се поставуваат откако премиерот Зоран Заев беше во посета на Бугарија и даде неколку скандалозни изјави и направи скандалозни потези.
Заев по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, најави дека од учебниците ќе биде променето се што е спорно за Бугарија, а спорни за бугарската држава да споменеме дека се и скоро сите македонски револуционери, меѓу кои и Гоце Делчев и Никола Карев. Граѓаните се едногласни и во одговорот дека никако не смее да се менуваат учебниците по историја.
Освен тоа, Заев во Бугарија се поклони и положи цвеќе пред споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил. Овој потег предизвика шокираност кај граѓаните, кои се уште не можат да поверуваат како може толку лесно да се продава историјата на нашата држава.
-Нема што да бараат Бугарите тука. Македонската историја си е наша историја. Не можеме како сака некојси друг, па ние да менуваме историја. Историј