ДЕНЕС И ЈАС САКАМ ДА КАЖАМ НЕШТО:Илинденското востание од 1903 г. е таков чин – кој значел многу и за своето време и за времето на иднината.Тоа претставува најзначаен израз на македонското организирано и револуционерно движење, кое, оставило значајна трага во колективната меморија на македонскиот народ до најново време, како чин на врвно херојство, но и како инспирација на сите постилинденски македонски генерации кои ја продолжија борбата до нејзиниот победоносен крај.
Оттука, Илинденската револуција во народноослободителната војна (1941– 1945) влегува во функција на сосема блиска историска инспирација за борците и за народот, за да во новите услови, се извојува новото ослободување. И не е случајно што токму на 2 август 1944 г. се одржа Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) и што Илинден е денес национален празник за граѓаните на Република Македонија и за сите Македонци во светот.
Статус на Наташа Котлар – професор по историјаТоа претставува најзначаен израз на македонското организирано и револуционерно движење, кое, оставило значајна трага во колективната меморија