По повод големиот македонски празник ИЛИНДЕН” Кајакарската Федерација на Македонија подржана од Агенцијата за Млади и Спорт заедно со ККК.Илинден 90-Скопје и ККК.Гемиџии 903-Велес организираа кајакарска пловидба по течението на река Вардар. Стартот на пловидбата беше на изворот на реката Вардар – Вруток па се до Гевгелија.Пловидбата со должина од 303 км започна на ден 30.07(сабота) од Вруток до Скопје која е и прва етапа воедно и најдолга на овој настан во должина од 100 км и започна во раните утрински часеви и се пловеше се до 20:00 часот.
Втората етапа започна на 31.07(недела) во 10 часот и продолжи со пловење од Скопје па се до Велес и е со должина од 66 км .
Третата етапа започна на 01.08(понеделник) од Велес околу 10 часот наутро и се пловеше до 21:00 часот,оваа етапа е со должина од 85 км.
Последната етапа беше најкратка но и нај брза,се пловеше 4 часа и 30 минути се до крајната цел Гевгелија и е со должина од 52 км.
Овој настан е организиран за прв пат по повод 2 Август, а заложбите на сите вљубеници во кајакот е истиот да прерасне во традиција и на трката да учествуваат и гости од други земји бидејќи мислењето на спортските работници од кајакарската федерација и кајак клубовите ширум земјава е дека ваков настан треба да има интернационален карактер од причина што представува еден од многуте спортски симболи на Р.Македонија кои го празнуваат “ИЛИНДЕН”.Пловидбата со должина од 303 км започна на ден 30.07(сабота) од Вруток до Скопје која е и прва етапа воедно и најдолга на овој настан во