Илинденската организација

Илинденската организација била емигрантска организација на македонските револуционери, учесници во Илинденското востание и во ослободителните борби на Македонија.Илинденската организација била емигрантска организација на македонските револуционери, учесници во Илинденското востание и во ослободителните борби на Македонија.Друштвото Илинден било основано во Софија, во пролетта 1921 г., како доброволна и културно-просветна организација, независна од политичките партии.Друштвото имало свој орган, весникот „Илинден“, кој од 30 јули 1921 г. започнал да излегува под редакција на А. Панов.Вакви друштва биле основани во повеќе градови со македонска емиграција. Основачкиот конгрес на Организацијата бил одржан во Софија (19–21 јануари 1923), бил усвоен Устав, било избрано раководство од 7 члена со претседател Георги Занков. Организацијата застанала на позицијата за автономија и независност на Македонија во Балканска федерација, претставувана од органот Илинден, со редактор Арсениј Јовков.Во 1924 г., по убиството на редакторот Јовков, паднала под влијание на ВМРО. На Вториот конгрес на организација (12–13 јули 1925), Занков и Јовков (посмртно) биле исклучени од раководството. Новото раководство почнало да издава ново гласило „Илустрација Илинден“, на чело со П. Мрмев и Христо Шалдев.По 19-мајскиот преврат (1934), Организацијата била забранета. Во текот на Втората светска војна (1941– 1944) таа ја обновила својата дејност. Во октомври 1946 година членовите на Организацијата го исполниле дадениот завет, посмртните останки на Гоце Делчев да бидат пренесени во престолнината на слободна Македонија.Бугарските власти на 15 јуни 1947 година ја растуриле организацијата.
Д.Б

Илинденската организација била емигрантска организација на македонските револуционери, учесници во Илинденското востание и во ослобо

Пронајдете не на следниве мрежи: