Зоран Заев на почетокот кажа дека за овој договор постои можност за поправање и договарање, а денес министерот за надворешни работи на Бугарија излегува и кажува дека овој договор е заклучен и затоа бараме итна седница, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.-На нацрт договорот кој што беше претставен на комисијата за надворешна политика, како политичка партија, како пратеници од опозицијата имавме круцијални забелешки. Ако тие круцијални забелешки се прифатат и се измени договорот, тогаш може да разговараме за добар договор. Ако тие забелешки не бидат прифатени, тоа е многу опасна игра за македонскиот народ, тоа значи рушење на македонскиот идентитет. Затоа побаравме итна јавна седница, нека го извадат договорот на Собрание, истакна Илиоски.
Во врска со законот за употреба за јазиците Илиоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за влада ги кажа црвените линии и дека законот за јазиците нема да го прифатат ако во тој закон се вели дека било кој друг јазик, во конктретниот случај албанскиот е втор официјален јазик на територијата на Република Македонија.
-Тогаш кажавме јасно и гласно дека секое зголемување на правата на малцинствата во општините каде што живеат дали се Албанци, дали се Роми, дали се Турци и сите други, стоиме на располагање да го дискутираме и да го разгледаме. Меѓутоа втор официјален јазик на ниво на територија на Република Македонија нема да прифатиме, потенцираше Илиоски.-На нацрт договорот кој што беше претставен на комисијата за надворешна политика, како политичка партија, како пратеници од опозицијата имавме круц