Илиоски: На Заев му треба гаранција дека некој како Катица Јанева ќе застане на чело на Основното јавно обвинителство

На Зоран Заев му треба гаранција дека некој како Катица Јанева ќе застане на чело на Основното јавно обвинителство, некој кој нема да се дрзне да постапува против. Според Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ ова основната причина што вчера отпочна постапката за смена на Јавниот обвинител.-Зоран Заев е исплашен од овие постапки. Зоран Заев е исплашен од одговорноста за случаите како „Цареви кули“ и набавките во Општина Струмица. Затоа Зоран Заев сака да стави рака врз обвинителството. Му треба гаранција дека на чело на институцијата ќе застане некој како Катица Јанева, кој нема да се дрзне да постапува против него. Тоа е основната причина поради која што владата вчера отпочна постапка за смена на Јавниот обвинител, изјави Илиоски.
Илиоски потсети дека Заев веќе еднаш беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра од страна Црвенковски, сега тој не може да се помири со фактот дека Јавното обвинителство води постапка против него за слуајот „Поткуп“.
-Зоран Заев еднаш беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а втор пат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против него за случајот „Пуч“. Зоран Заев не може да се помири со фактот дека надлежното Јавно обвинителство не сака да ги следи овие срамни примери и води постапки и за барањето „Поткуп“, но и за изборните измами. За изборните измами јавното обвинителство веќе влезе во Општина Струмица и одзеде бројни материјали кои може да послужат во понатамошната постапка, изјави Илиоски
Зоран Заев во првата изјава како премиер на државата побара првиот човек на Јавното обвинителство да даде оставка, според Илиоски тоа не е ништо друго освен заплашување на иституциите кои треба да го гонат Заев.
-Зоран Заев во првата изјава како Премиер побара првиот човек на Јавното обвинителство кое го гони за земањето поткуп од едно евро за Вицето да си даде оставка. Ова не е ништо друго освен пример на еклатантен притисок и заплашување кон институцијата која треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Зоран Заев, изјави Илиоски.-Зоран Заев е исплашен од овие постапки. Зоран Заев е исплашен од одговорноста за случаите како „Цареви кули“ и набавките во Општина Ст

Пронајдете не на следниве мрежи: