Ова е уште еден доказ за деструктивната политика која што СДСМ во изминатиов период ја води во нашата држава. Откако пробаа секакви активности и откако со секакви методи се обидоа да се изборат за предвремени избори, сега кога ги добија, тие бегаат, изјави денеска Зоран Илиоски, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Истото се случува и со Законот за оформување на нов универзитет. Сами признаваат дека го блокираат овој закон, а сето тоа во интерес за да не се оформи нов универзитет, вели Илиоски.
-Универзитет кој што ќе овозможи нови простори за учење на нашите студенти, универзитет кој што ќе овозможи конкурентност и кој што ќе биде за добробит на Република Македонија. Со поднесувањето на над 950 амандмани и со самата прес конференција која што пред малку ја држеше Координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Сугарески, јавно признаа дека ги кочат сите позитивни процеси во Република Македонија, заклучи Илиоски.Истото се случува и со Законот за оформување на нов универзитет. Сами признаваат дека го блокираат овој закон, а сето тоа во интерес за да не се оф