Колега Ковачевски, вашиот говор наликува на вашето дејствување како партија во овие изминати две години и продолжувате со истиот стил на работа. Сеење на магла, лаги и деструкции. Ништо конкретно, ништо опипливо. Ниедно дело, ниеден проект кој е од интерес на граѓаните. Мислите дека ако со деструкција настапувате и ако црните се што не е блиску до вас, ќе добиете нешто пред граѓаните. Граѓаните се доволно паметни, ќе си ценат сами кој е во право, а кој не!, рече Зоран Илиоски во репликата кон Ковачевски од СДСМ.Тој потоа, се осврна на срамниот однос како што рече тој, на еден битолчанец, мислејќи на пратеникот на СДСМ Васко Ковачевски од Битола, кон својот роден град Битола.
-Да се навратам на Битола. Јас како биточанец би се срамел да го клеветам сопствениот град секаде каде што ќе стигнам. Јас како битолчанец би се срамел да го клеветам дека е најзагадениот град во светот ! Ги поддржувате неколкуте невладини организации финансирани од СОРОС кои што прават флаери за оние кои доаѓаат во Битола каде пишува дека влегуваат во „токсична зона“! Како не ви е срам да си го клеветите сопствениот град?, посочи Зоран Илиоски.
Илиоски уште еднаш го потсети Ковачевски дека токму лидерот на СДСМ Заев е аболициран криминалец и дека не може тие да зборуваат на таа тема.
-На крајот, имате аболициран лидер на партија, а вие најдовте да зборувате за криминал ?, заврши пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола Зоран Илиоски.
Тој потоа, се осврна на срамниот однос како што рече тој, на еден битолчане