Илиоски: Талески е жртва на заканите кои СДСМ со месеци ги испраќа врз судиите

Вчера бевме сведоци на тоа како под силен, бескрупулозен, бесрамен и јавен притисок на СДСМ судиите потклекнаа и донесоа одлука која не е базирана, на закони и факти и нема никаква врска со реалната состојба, со почитувањето на правдата и законите, туку служи за дневно-политички потреби на неуспешните политики на СДСМ насочени против сопствениот народ и институциите на државата.Интегрален текст од прес-конференцијата на Зоран Илиоски
Владимир Талески е жртва на класичен политички прогон кој треба да ги смири фрустрациите од неуспешното делување на аболицираниот криминалец Зоран Заев против сопствениот народ и институциите на државата.
Владимир Талески е жртва на заканите кои СДСМ со месеци ги испраќа врз судиите кои само неколку часа откако Петре Шилегов се закани со поединечни лични тужби против нив, изрекоа мерка за која СЈО нема никакви одржливи аргументи со законска и логичка оправданост. Владимир Талески е жртва на класична судско-политичка манипулација со јавноста чија цел не е спроведување на законот, туку очаен обид на СДСМ по маратонската серија погрешни и неуспешни чекори, барем некако да ги мотивира своите приврзаници и членови кај кои аболицираниот криминалец Зоран Заев од ден на ден се’ повеќе ја губи поддршката.
Граѓаните многу добро знаат кој е градоначалникот Владимир Талески, како што цела Македонија, а сега за жал и цела Европа и светот знаат кој е фрустрираниот, неспособен криминалец Зоран Заев. Сите видовме како Зоран Заев бара поткуп од едно евро за него едно за Вицето и се’уште е на слобода. Сите знаат како Зоран Заев со Верушевски се договараа да ја уништат Македонија и се’ уште се на слобода. Сите, па и судиите, знаат дека Зоран Заев украде 8 милиони евра ама се’ уште е на слобода со аболицијата на Црвенковски кој директно ги спречи судиите да го процесуираат случајот Глобал и да ја спроведат правдата. Сите видоа како криминалецот Зоран Заев јавно се заканува дека е над судството, дека нема да ги почитува судските покани и дека не ги признава судиите и се’ уште е на слобода.
Зоран Заев е свесен дека два-триесетте платени поддржувачи кои блокираат улици не се народот. Тој е свесен дека од ден на ден ја губи поддршката од чесните социјал-демократи и знае дека народот нема да му го прости ова што го прави со државата. Затоа Зоран Заев со малата криминална банда околиу него се плаши да се соочи со народот на избори. Тие продолжуваат да го навредуваат и потценуваат народот кој секогаш знае да ја препознае вистината и правдата. Народот и овојпат, во име на правдата и вистината ќе застане во одбрана на градоначалникот Владимир Талески и во поддршка на контруктивните, патриотски политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев многу добро знае дека колку и да бега од соочување со народот, еден ден ќе биде жестоко поразен на избори и тогаш ќе одговара пред македонските судови во законска постапка за секој криминал и ќе мора да го врати и последното евро што го украл од државата. Тогаш нема да му помогне и да го спаси никаков чадор и никаква платеничка револуција.Интегрален текст од прес-конференцијата на Зоран Илиоски
Владимир Талески е жртва на класичен политички прогон кој треба д

Пронајдете не на следниве мрежи: