Илјадници граѓани побараа предвремени парламентарни избори

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска од пред Владата на Република Македонија го започнa 57-миот протестен марш, на кој повторно побара одржување на предвремени парламентарни избори за излез од кризата. Од Владата учесниците на протестот се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а го завршија пред Собранието на РМ.Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива на граѓаните им ја честита истрајноста и ги повика да продолжат по, како што ја рече, патеката која ја чекореа изминатите 56 дена.
– На почетокот на осмата недела, ви честитам за истрајноста, за успешноста и ве поканувам да продолжиме по нашата заедничка патека и оваа недела и наредната и колку и да треба.  Од петокот сме малку поконкретни, поосвежени, погласни и тоа ќе го кажеме и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ и на Павел Шатев, истакна Илиевски
 
Од пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните побараа поддршка од партијата за одржување на нови избори.
– Бараме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе ја отфрлат тиранската платформа. Досега покажавме дека сме посилни од тиранската платформа, нема влада качена на тиранската платформа, нема претседател на Собранието, кој не се откажал и не ја отфрлил таа платформа, нема ниту да има, бидејќи сме посилни од неа, рече Илиевски.
 
Од иницијативата бараат седница на Собранието на која ќе има една точка, а тоа распишување на нови предвремени парламентарни избори.

Пред присутните се обрати уметникот Стефан Стојковски, кој рече дека не е политичар, туку народен уметник, Македонец кој си ја сака Македонија.
 
– Ние уметниците имаме што да кажеме со нашите дела. Јас не сум политичар, јас сум народен уметник, Македонец кој си ја сака родната Македонија. Јас како и секој уметник се трудам да создадам уметнички дела по кои ќе ме паметат следните генерации. Ние уметниците еден ден ќе заминеме, но нашите дела ќе сведочат, кои сме биле и што сме сработиле во животот, нашите дела ќе останат вечно зад нас. Нашите предци во аманет ни оставија да ја чуваме Македонија, да го чуваме македонскиот јазик, да ја пренесеме фолклорната традиција, истакна Стојковски.

Тој ги повика повика сите граѓани на Република Македонија да покажат почит, љубов и смирение, да го слушнат благовестивиот глас на нивните срца, да има мир во нивните души, да се молат за радост и благосостојба на секој кој што чува, брани и сака Република Македонија.
 
– Секој чесен граѓанин кој ја сака Република Македонија, кој сака заеднички живот на сите граѓани, кој има човечност должен е со својата свест, достоинство, душа и тело, да го брани интегритетот и суверенитетот на Република Македонија, да го почитува Уставот, знамето, химната и грбот на Република Македонија, порача Стојковски.Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива на граѓаните им ја честита истрајноста и ги повика да продолжат по, како што ја рече, патеката која ја ч

Пронајдете не на следниве мрежи: