Илјадници насмевки ја исполнија улица Македонија

Град Скопје подари насмевки и радост на илјадниците граѓани кои го посетија Новогодишниот базар „Подари среќа“ кој траеше 8 дена.Улица Македонија овие денови беше место украсено и исполнето со божиќен и новогодишен амбиент. Посетителите можеа да купат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи.
За најмалите беше организирана новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и претставата Брашко, дружење со Петко и магични настапи. Најголемото изненадување и најмногу радост им донесоа интересните детски игри лоцирани во детското катче.
На After-work забавите граѓаните беа загревани од Back Door Band, Sarah Mace, ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика пуштаа Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и многу други познати македонски Ди Џеи. Сите забави беа надополнети со одлично греено вино, пиво, топли пијалоци и храна.
Базарот е во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“.Улица Македонија овие денови беше место украсено и исполнето со божиќен и новогодишен амбиент. Посетителите можеа да купат рачно изработени предмет

Пронајдете не на следниве мрежи: