Огромен број граѓани од Охрид и вечерва му дадоа поддршка на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Побараа одржување на изборите на 5 јуни со цел ставање крај на кризата во која се наоѓа земјата.Илјадници охриѓани поддржувачи на ГДОМ и денеска на мирен собир испратија порака до лидерот на СДСМ дека се неизбежни избори на 5 јуни. Охриѓани велат дека нема да дозволат Зоран Заев да ја распарчи Македонија и да ја реализира федерализација и остануваат при ставот дека само со одржување на избори Македонија ќе излезе од кризата и ќе продолжи напред.
Став на охриѓани е дека кризата предолго трае, а од тоа Охрид како најголем туристички центар трпи загуби. Порачаа дека единствен начин да се стави крај на кризата е да се одржат изборите закажани за 5 јуни оваа година на кои граѓаните ќе одлучат на кого му ја даваат поддршката.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Побараа претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот Пуч Зоран Верушевски да одговараат за криминалите кои ги сториле.
Членовите на ГДОМ истакнаа дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.Илјадници охриѓани поддржувачи на ГДОМ и денеска на мирен собир испратија порака до лидерот на СДСМ дека се неизбежни избори на 5 јуни. О