Илма бесна: Ме исфрлија затоа што X фактор е наместен!

Илма тешко ги поднесе последиците од натпреварувањето, а особено ја погодија коментарите дека е премногу млада за естрада. Таа очекуваше победа, а не стигна ни до супер финалето.
Илма Карахмет тешко го поднесе отпаѓањето од “Х фактор” и тоа во последната емисија пред супер финалето ан 23-ти март. Заради тоа таа направила вистински скандал во Шимановци. Четиринаесет годишното девојче од Кисељак не може да се помири со фактот дека жирито ја испрати дома. Таа веднаш по концертот со нејзините родители го напуштила Белград и се вратила во Кисељак, иако вчера требала да гостува на утринската програма на телевизија Пинк.

Веднаш отишла во Кисељак
– Илма плачеше и направи сцена. Таа извикуваше дека неправедно испаднала и дека конкуренцијата е наместена. Така бесна, со нејзините родители се вратила дома во Кисељак. Иако се чинеше небаре сè стоечки поднесе, нејзе ја растажи фактот што Жељко, Емина, Кики и Кристина не ја коментираа нејзината изведба на песната за спас, туку нејзината возраст – вели близок извор, додавајќи:
– Кога на Илма од продукцијата и рекоа дека наутро има гостување на утринската програма на телевизија Пинк, девојчето им одговори: “Јас не мора нигде да одам и онака не сум испочитувана до крај.”
Потоа се слушнаа со нејзината мајка, која им порачала дека ќе им каже на новинарите дека продукцијата испаднала нефер со нејзината ќерка и таа не сака истата да ја “вади од гомна”.
Почнале да се шират приказни како се незадоволни од условите што ги имале во текот на учеството, иако до пред само неколку дена, додека сите говореа дека Илма сигурно ќе победи, тврдеа дека тие се чувани како „капка вода на дланка“.

Утеха нашла кај нејзината баба
И се јавивме на Илма, но нејзината мајка ни рече дека таа заминала кај нејзината баба, па подоцна ќе спие, бидејќи е многу уморна и затоа не бевме во можност да зборуваме со неа.
Мајка и на Илма
Тек сега ќе видиме кој вреди
Мајка и на Илма вели дека девојчето е разочарано:
„Не ни е јасно зошто Илма испадна. Таа има четиринаесет години, толку имаше и кога таа се пријави за “Х фактор”. Ако на луѓето толку им пречи нејзината возраст, тогаш тоа требаше да се забрани во почетокот, а не сега на крај, за тоа да е пресудно и главна тема. Илма сето тоа го поднесе храбро, бидејќи таа знае колку вреди, а за останатите ќе видиме кој колку вреди.“Таа очекуваше победа, а не стигна ни до супер финалето.
Илма Карахмет тешко го поднесе отпаѓањето од “Х фактор” и тоа во последната емисија

Пронајдете не на следниве мрежи: